Дали карантинот поради корона вирусот навистина го намалува загадувањето?
- Детали
- понеделник, 16 март 2020
Моментално целиот свет води војна со новиот корона вирус, а сите, дури и оние кои не се заразени, го чувствуваме неговото влијание.
Повеќето држави во кои е забележан вирусот се во карантин, а ширум целиот свет се затвораат училишта, факултети, ресторани, кафетерии…
Факт е дека карантинот го намалува бројот на заразени, но неодамна научниците открија уште една предност од него – намалување на загадувањето.
Имено, Европската вселенска агенција, но и многу експерти, забележале дека после воведувањето на карантинот во Италија, значително се намалила емисијата на разни штетни гасови.
Сателитот Copernicus Centinel-5P забележал намалена емисија на азот диоксид, а со тоа и намалување на загадувањето во северниот дел од државата.
Според директорот на програмите за набљудување на Земјата од Европската вселенска агенција, Џозеф Ашашер, овој сателитит е најпрецизниот инструмент за мерење на загадувањето на воздухот од вселената.
Снимките покажуваат постепено намалување на загадувањето со азот диоксид кое почнало на 14-ти февруари
На 24-ти февруари имало помалку траги од азот диоксид
Во март, емисијата била уште помала
На оваа карта е покажано нивото на загадување со азот диоксид на 8-ми февруари
Овде, пак, е прикажано загадувањето на 7-ми март
Од европската вселенска агенција направиле и видео во кое многу добро се гледа намалувањето на загадувањето низ Европа
Истовремено, многу Италијанци споделија што се случило со каналите во Венеција. Наводно, поради намалениот сообраќај во каналите, водата станала кристално чиста. На споделените фотографии, можете дури да ги видите и рибите во каналите.
Луѓето ширум светот со радост ги прифатиле овие вести:
„Навистина е тажно да се каже дека корона вирусот можеби ќе ја излечи нашата планета.“
„Уште еден пример за штетата што ја прават луѓето само затоа што се живи.“
„Додека ние се справуваме со последиците од пандемијата, мајката природа закрепнува.“
„Овој вирус ќе има позитивен ефект на планетата (знам дека е сурово, но е вистина).“