Стефан Монев од Свети Николе е во карантин во Италија: „Македонците не смеат да ги повторат грешките на Италијанците“

„И тука во Италија на почетокот кога ги затворија училиштата, сите отидоа на скијање, кај баба, дедо и роднини, не правете ја истата грешка“, порачува 33-годишниот Стефан кој моментално е во домашен карантин во гратчето Мерано.

stefan-monev-od-sveti-nikole-e-vo-karantin-vo-italija-makedoncite-ne-smeat-da-gi-povtorat-greshkite-na-italijancite-01.jpg

Стефан Монев (33) од Свети Николе веќе години наназад живее и работи во гратчето Мерано во северниот дел на Италија.

Го прашавме каква е моменталната ситуација таму, со оглед на огромниот број на заболени од корона вирус во оваа држава.

За CRNOBELO.com тој пренесува дел од атмосферата:

„Живеам во Мерано (град во северниот дел на Италија, во областа Трентино-Алто Адиге).

Во оваа област ситуацијата не е толку лоша како во Ломбардија или Венето, но има позитивни случаи на заболени со корона вирус (мислам околу 100) и болниците работат со строг режим.

Болниците во Мерано, Випитено и Бресаноне кои се наоѓаат во оваа област се стационари за пациенти инфектирани со корона. Сите лекари, медицински сестри и други медицински работници се мобилизирани и работат нон стоп. Повикани се дури и тие што се во пензија, ако сакаат да помогнат.

Од денес сите ресторани, кафулиња, бутици, хотели, автосалони, механичарски салони, некои фабрики и слично се затворени.

Училиштата, универзитетите и градинките и детските игралишта се веќе една седмица затворени (најверојатно до 3-ти април, па ќе видиме за понатаму). Пред 2-3 дена ги затворија сите скијачки центри и спортски објекти во цела Италија.

Отворени се само супермаркетите, банките, пошта и аптеките. Може да се излегува само ако се има потреба од овие места и тоа до 18 часот. После 18 часот е тотална забрана.

Има исто така полициска контрола и ако некој не ги почитува наредбите казните се околу 250 евра, па и до казна затвор...

За сега луѓето доста ги почитуваат правилата и се надеваме на подобрување на ситуацијата.

Гледам дека и во Македонија ги затворија училишните установи. Важно е луѓето да останат што е можно повеќе дома, а не да одат на скијање, децата во игротеки и на гости кај роднините. Така беше и во Италија на почетокот кога ги затворија училиштата, сите отидоа на скијање, кај баба, дедо и роднини... Па, потоа требаше да се преземат по ригорозни мерки.

Ве молам почитувајте ги правилата и инструкциите што ви ги даваат, за да не настанат поголеми проблеми!“

Гратчето Мерано во карантин изгледа вака:

stefan-monev-od-sveti-nikole-e-vo-karantin-vo-italija-makedoncite-ne-smeat-da-gi-povtorat-greshkite-na-italijancite-02.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дете (8) од Африка ја поминало Сахара пеш за да стигне до Европа, откако селото му било уништено во ... 8-годишниот Оумар од Африка поминал над 5.600 километри за да стигне од Мали до ...
„Ги терам синовите од џепарлакот да плаќаат и за сметките – нека се учат од мали“ Дали деца на 6 години треба да размислуваат за сметки и пари? Синовите на оваа А...
Слаткото момче од Киндер денес е во љубов со Романка – Која е вереницата на заводникот од Србија? Била Мис Романија, се преселила во Италија и денес чекори на модните писти на го...
Дечко ја убил бившата девојка 2 дена пред нејзиното дипломирање: Убиството што ги потресе Италија и ... Минатата недела, илјадници Италијанци протестираа барајќи поголема заштита за же...
„Доживеав клиничка смрт кога се породував – ја видов баба ми која почина пред 10 години“ Стефани од САД била мртва 37 секунди, видела како лекарите ја оживуваат, а потоа...
Американците среќни за празничниот изглед на Белата куќа: „Џил Бајден не го мрази Божиќ како Меланиј... 98 елки, 34.000 лампиони и околу 142.000 светилки – годинава Белата куќа е како ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg