Позитивни приказни: Сите патници помогнале татко да стигне навреме на претстава на ќерките
- Детали
- четврток, 20 февруари 2020
Мајк Гуд, татко од Северна Каролина е веројатно најсреќниот човек на светот. Тој требал да лета кон својот дом за да присуствува на претставата на неговите две ќерки близначки. Летот бил одложен заради временските услови.
Тој веќе бил сигурен дека ќе задоцни, а дополнително, седиштето му било во задниот дел од авионот – значи ќе морал да излезе последен.
Сосема случајно ѝ ја раскажал својата ситуација на една од стјуардесите која се понудила да му помогне колку што може.
Кога авионот слетал, стјуардесата застанала и им кажала на сите патници дека Мајк мора да стигне навистина брзо на претставата на неговите ќеркички, и да му дозволат да излезе прв од авионот.
Луѓето на летот биле воодушевени и почнале да аплаудираат – му направиле простор да излезе прв од авионот за да стигне на игранката на неговите ќерки.
Приказната брзо се сподели и на Твитер од една од патниците во авионот, на што Мајк одговорил дека задоцнил 50 минути, но сепак стигнал на настанот.
@jhaleauthor My neighbor stumbled across your tweet in his feed today. Yes, was I 50 minutes late - but made it to Emily & Lucy’s dance. Thanks to everyone, and really to the flight attendant - I never asked, it was all her! Surprising acts of kindness are everywhere. pic.twitter.com/k81GVOBTcM
— Mike Good (@Goody0501) February 14, 2020
Има надеж дека постојат и добри луѓе на светов, нели?
Е. П. | Црнобело