Вештачки метеорски дожд, еколошки медали - Како се подготвува Јапонија за Олимписки игри 2020?
Промени во социјалниот живот
- Според пресметките, се очекува Јапонија да ја посетат од 600.000 до 1 милион туристи за време на Игрите. За да го избегнат целиот метеж, некои компании ќе им дозволат на Јапонците да работат од дома за време на настанот. Наводно, веќе имало и неколку тест периоди кои поминале успешно.
- Кратко пред почетокот на Игрите и за време на нивниот траење, од продажба ќе се тргнат списанијата за возрасни.
- Истовремено, на сила ќе стапи и закон со кој ќе се забранува пушењето во рестораните. Можно е законот да остане и по завршувањето на Игрите.
- Пред почетокот на Игрите, јапонската влада ќе ги тестира електронските уреди на јавноста за да провери дали се отпорни на хакерски напади. Се очекува да се проверат околу 200 милиони направи, вклучувајќи рутери, веб-камери, смартфони, таблети и компјутери.
Како ќе се справат со топлината?
- Се очекува Олимписките игри во Токио да бидат едни од најтоплите. Во лето, температурата во Токио може да достигне 40 степени, а само во 2018-та починаа 100 луѓе од топлотниот бран.
- Во градот е веќе поставен нов вид асфалт што ги рефлектира инфрацрвените зраци. Наводно, асфалтот се загрева за 10 степени помалку од обичниот, а со тоа ослободува помалку топлина во атмосферата. Технологијата е позната како Perfect Cool.
- На местата каде што ќе се собираат спортските фанови ќе бидат поставени вентилатори и разни средства за разладување. На улиците постојано ќе има систем за ладење со вода, а на стадионите ќе се делат лепези.
- Маратонот е преместен во северниот дел на државата и ќе почне во 7 наутро за да се избегнат горештините напладне. Другите натпревари на отворено ќе се одвиваат или под шатор, или во утринските и вечерните часови.
- Главната арена, во која ќе се одржат церемониите за почеток и крај на Игрите, ќе биде опремена со посебен покрив кој ќе го лади воздухот. Истовремено, во арената има 185 огромни вентилатори и 8 направи за ладење.
Јазична бариера
- Јапонската влада ги задолжи сите компании за транспорт да ги преведат неопходните информации на англиски. Сепак, биле забележани многу грешки во преводот, па можеме да очекуваме шеги на сметка на ова.
- Некои ресторани додаваат и QR кодови на нивните менија. Откако ќе го скенирате кодот, менито на ресторанот ќе се појави на посакуваниот јазик. Други, пак, планираат да го нудат менито на таблет, каде што автоматски ќе се прикажува на посакуваниот јазик.
Еколошки Олимписки игри
- Toyota направи 3.700 различин возила само за Олимписките игри. 90% од нив се напојуваат со алтернативно гориво, како електирчна струја.
- Организаторите преземаат секакви мерки за да го намалат количеството фрлена храна. Експертите се обидуваат да ја пресметаат точната количина храна што ќе биде потребна за да не остане многу вишок. Непродадената храна, пак, ќе се донира или ќе се претвори во ѓубриво.
- Бидејќи организаторите сакаат да го намалат и пластичниот отпад, храната и пијалаците ќе се служат во пластика што може да се рециклира.
- За спортистите се направени 18.000 кревети и душеци од рециклирачки материјали. Креветите се поцврсти од дрвените и можат да издржат тежина и до 200 килограми. После настанот, креветите ќе бидат расклопени и рециклирани.
- Олимписките факли се направени од рециклиран алуминиум, а дури и медалите се од рециклирачки материјали. Владата побара од Јапонците да ги донираат електронските уреди што не ги користат, и од нив беа извадени 32 килограми злато, 3.500 килограми сребро и 2.200 килограми бронза – сосема доволно за изработка на 5.000 олимписки медали.
- Униформите на јапонските натпреварувачи се направени од материјали што се рециклираат. Всушност, сите што ќе работат на Игрите ќе носат облека од вакви материјали.
- Целото дрво што било употребено за потребите на Игрите ќе се преработи и ќе се искористи за изработка на клупи, декорации на згради и слично.
Храна за натпреварувачите и посетителите
- Во олимпиското село во Токио се изградени две мензи – една со 4.500 столчиња и една со 400. Двете ќе бидат отворени од 6 наутро до 9 навечер.
- Во мензите ќе се служат 600-700 разни јадења од целиот свет. За јапонските специјалитети ќе се користат состојки од секоја префектура на државата.
- Јапонската компанија Kanazawa Ice прави сладолед што не се топи и што веројатно ќе биде хит за време на Олимписките игри.
- Натпреварувачите ќе можат да одбираат и незачинета храна. Потоа ќе можат да одберат од 60 разни зачини. Менито ќе има и вегетаријански и безглутенски оброци.
Спирова С. | Црнобело