Во Австралија конечно заврна дожд – луѓето му се радуваат, но има опасност од поплави (фото)

Во делови од Нов Јужен Велс и Викторија заврна долгоочекуваниот дожд, а силните бури предизвикаа поплава во Мелбурн.

vo-avstralija-zavrna-dolgoochekuvaniot-dozhd-01.jpg

Сепак, на овие места сè уште има над 80 активни пожари, а во националниот парк во Викторија од грмотевици започнаа и два нови.

Пред една недела имаше слаби врнежи од дожд во источниот дел на Австралија, но не беа од голема помош.

Овојпат дождовите дефинитивно ќе им помогнат на пожарникарите, но метеоролозите сè уште не се сигурни дали ќе бидат доволно за да направат разлика во најсувите делови.

vo-avstralija-zavrna-dolgoochekuvaniot-dozhd-02.jpg

Властите се загрижени дека можно е да се појават и огромни поплави, особено во сувите региони, бидејќи земјата е толку сува, што водата само се „лизга“ по неа без да се впива.

Дождовите направија и своја штета, а според податоците, на некои места наврнало колку за цел месец.

Од денес до недела се очекуваат уште пообилни врнежи, а властите се сигурни дека, ако ништо друго, барем ќе помогнат во контролирањето на пожарите.

vo-avstralija-zavrna-dolgoochekuvaniot-dozhd-03.jpg

И покрај штетата што ја предизвикуваат, дождовите очигледно се вистинска радост за пожарникарите, фармерите и останатите жители на континентот.

Социјалните мрежи се преплавени со фотографии на кои луѓето му се радуваат и заблагодаруваат на дождот.

vo-avstralija-zavrna-dolgoochekuvaniot-dozhd-04.jpg

vo-avstralija-zavrna-dolgoochekuvaniot-dozhd-05.jpg

vo-avstralija-zavrna-dolgoochekuvaniot-dozhd-06.jpg

vo-avstralija-zavrna-dolgoochekuvaniot-dozhd-07.jpg

vo-avstralija-zavrna-dolgoochekuvaniot-dozhd-08.jpg

vo-avstralija-zavrna-dolgoochekuvaniot-dozhd-09.jpg

vo-avstralija-zavrna-dolgoochekuvaniot-dozhd-10.jpg

vo-avstralija-zavrna-dolgoochekuvaniot-dozhd-11.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Исповед на маж: „Ја започнав процедурата за да станам трансродова личност – пресреќен сум што се отк... „Има луѓе кои не се трансродови и промената на полот им е начин за да станат нов...
Потег за восхит: Бразилец посадил 40.000 дрвја во Сао Паоло и направил зелена оаза среде градот (фот... Бизнисмен од Бразил поминал 20 години садејќи дрвја покрај брегот на река во Сао...
Прво видео од Кејт Мидлтон откако исчезна - Јавноста верува дека е нејзина двојничка „Објавија и лажно видео од Кејт? Значи никогаш повеќе нема да ја видиме“, е еден...
Девојка од Мексико стана првиот адвокат со Даунов синдром: „Сакам да ги бранам луѓето како мене“ Ана од Мексико стана првиот адвокат во светот со Даунов синдром. Дипломирала во ...
„Ги терам синовите од џепарлакот да плаќаат и за сметките – нека се учат од мали“ Дали деца на 6 години треба да размислуваат за сметки и пари? Синовите на оваа А...
Каде се денес вистинските ликови од „Griselda“, новата популарна серија на Нетфликс? Синот на Гризелда води успешен бизнис со марихуана, додека нејзиниот сопруг е мр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg