Кој е таинствениот руски милијардер кој го отстапи својот дворец во Канада на Меган и Хари?
- Детали
- четврток, 16 јануари 2020
Иако Меган и Хари одбиваа да го откријат идентитетот на мистериозниот сопственик на дворецот во Канада, сега е откриено кој стои зад овој имот.
Кралската двојка првиот Божиќ со својот син Арчи го помина во дворецот во Канада кој е во сопственост на рускиот милијардер Јуриј Борисович Милнер (59).
Милнер е руски претприемач, интернет гуру и физичар. Тој е највлијателен руски технолошки инвеститор. Тој е ко-основач и поранешен претседател на компанијата Mail.ru Group и основаш на инвестициската компанија DST Global. Милнер преку DST Global е и инвеститор во компаниите Facebook, Zynga, Twitter, Spotify, Groupon, Alibaba, Airbnb, WhatsApp и многу други.
Првите 200 милиони долари кои ги вложил во Фејсбук ги има претворено во 4 милијарди добивка за неговиот фонд.
Милнер е долгогодишен пријател со Марк Закерберг со кој заедно ја имаат иницирано годишната награда за револуционерно откритие во науката, покрај Милнеровиот проект за потрага на вонземски цивилизации.
Според Форбс, Русинот е на листата на 100 најголеми бизнис умови.
Луксузниот имот во Канада каде што Хари, Меган и нивниот син Арчи го поминаа својот прв Божиќ вреди 14,1 милион долари и има 8 спални соби. Јуриј го купил овој имот во 2012 година.
Женет е за поранешниот модел Јулиа Милнер.
Е. П. | Црнобело