Првиот остров на кој не смеете да користите креми за сончање
- Детали
- четврток, 02 јануари 2020
Државата Палау е прва земја која ги забрани кремовите за сончање кои се штетни за коралите и морскиот свет.
Од 1 јануари 2020 година, никој не смее да користи заштита од сонцето која содржи состојки како оксибензен. Забранета е и продажбата на истите средства.
Островската држава сака да го задржи имиџот на недопрен рај за нуркачите.
Палау има околу 20.000 жители кои се распоредени на стотина острови.
Оваа забрана беше најавена во 2019 година. Одлуката забранува кремови или лосиони за сончање кои содржат некои од 10-те набројани хемиски материи штетни за околината.
Меѓу нив се наоаѓаат и оксибензен и октиноксат, кои апсорбираат ултравиолетова светлина.
Слична забрана има донесено и американската сојузна држава Хаваи, која стапува во сила од 2021 година.
E. П. | Црнобело