Колку заработи една од најплатените Instagram блогерки во 2019-та?
- Детали
- вторник, 31 декември 2019
Тара Вајтмен е ѕвезда на социјалните мрежи и годинава беше прогласена за 17-та најплатена личност на Instagram.
Блогерката од Австралија, која најчесто објавува фотографии од нејзините патувања, се најде на листата помеѓу многу познати имиња, како Кристијано Роналдо, Кендал Џенер и Дејвид Бекам.
25-годишната Тара има 1,3 милиони Instagram следбеници, кои ѝ помогнале да заработи дури 1,1 милион долари во само една година.
Годинава Тара има објавено 73 спонзорирани објави, а во просек добивала по 15.000 долари од објава.
Па како оваа девојка го постигнала сето ова?
Наводно, Тара отсекогаш го сакала патувањето.
„Се вљубив во патувањето во тинејџерските години, кога го истражував потеклото на мајка ми во Азија. Кога бев помлада, на секои неколку години патувавме за да го посетиме семејството“, вели младата блогерка.
„Почнав да патувам со пријателките после средно, со заштедата од неколку работни места во тинејџерските години.“
Тара никогаш не ни помислувала дека нејзиниот живот ќе тргне во оваа насока. Но, откако го добила првиот фотоапарат на 12-годишна возраст, веднаш сфатила дека фотографијата е нешто што навистина го сака.
„Патувањето е навистина исполнувачко. Сакам да гледам различни култури. Понекогаш ми недостасува семејството, но разговараме речиси секој ден.“
Додека да се запише на факултет, таа патувала што е можно повеќе, правела фотографии и го градела нејзиниот Instagram профил.
https://www.instagram.com/p/B52n5WqF2kx/
Тара имала различни работни места, а пред неколку години почнала да заработува и од нејзините фотографии.
„Работев со полно работно време додека учев и управував со маркетингот и социјалните мрежи на неколку компании. Оттогаш соработувам со други компании за фотографски проекти, од туризам и мода, па сè до храна.“
https://www.instagram.com/p/B5mveOCFFCG/
Од 2017-та, кариерата на Тара се движи само во нагорна линија и таа соработува со многу брендови, патува ширум светот и заработува од тоа.
Тара немала детален план за нејзината иднина, но секогаш била отворена за промени.
„Светот е неверојатен и секогаш сакам да посетувам нови места. Мислам дека никогаш нема да престанам да патувам, дури и ако некогаш патувам само еднаш годишно.“
Според Тара, најдобри за истражување се утринските часови, кога нема многу туристи.
„Сепак, понекогаш сакам да фотографирам и места со гужва, бидејќи тоа го доловува духот на градот“, вели таа.
Тара вели дека нема тајна за совршена фотографија, но најмногу ѝ се допаѓале фотографиите со силни бои.
„Патувам со партнерот и двајцата отсекогаш сме сакале да фотографираме. Јас го фотографирам него, а тој мене. Понекогаш замолуваме странци да ни направат заедничка фотографија.“
Спирова С. | Црнобело