Time ја прогласи Грета Тунберг за личност на годината за 2019-та

Активистката Грета Тунберг беше прогласена за Личност на годината за 2019-та од страна на Time. 16-годишната девојка е најмладиот добитник на оваа титула.

time-ja-proglsi-greta-tunberg-za-lichnost-na-godinata-za-2019-01.jpg

Светот дозна за Грета кога таа почна да штрајкува за климатските промени – секој петок наместо на училиште, таа одеше пред шведскиот парламент. Тогаш 15-годината активистка протестираше со транспарент на кој пишуваше „Училиштен штрајк за климатските промени“.

time-ja-proglsi-greta-tunberg-za-lichnost-na-godinata-za-2019-06.jpg

Главниот уредник на Time Едвард Фелсентал изјави:

„Таа стана најсилниот глас за најголемиот проблем со кој се соочува планетата, доаѓајќи речиси од никаде за да започне светско движење.“

time-ja-proglsi-greta-tunberg-za-lichnost-na-godinata-za-2019-07.jpg

Грета привлече доста внимание и со говорот пред лидерите на ОН, а фотографијата на која гледа во Трамп се прослави ширум целиот свет.

time-ja-proglsi-greta-tunberg-za-lichnost-na-godinata-za-2019-05.jpg

time-ja-proglsi-greta-tunberg-za-lichnost-na-godinata-za-2019-04.jpg

„Во изминативе 16 месеци, таа му се обрати на ОН, се сретна со папата, имаше ’двобој‘ со претседателот на САД и инспирира 4 милиони луѓе да му се приклучат на штрајкот за климатските промени на 20-ти септември 2019, нешто што беше најголемата демонстрација за климата во историјата на човештвото. За огласувањето на алармот за деструктивната врска на човештвото со единствениот дом што го имаме, затоа што има глас кој надминува граници, затоа што ни покажа како изгледа кога води новата генерација, Грета Тунберг е Личност на годината за 2019-та според Time“, стои на веб-сајтот на Time.

time-ja-proglsi-greta-tunberg-za-lichnost-na-godinata-za-2019-02.jpg

Интересно е што во моментот кога Грета беше прогласена за Личност за годината, таа беше во Мадрид, каде што ги обвини лидерите дека сакаат да се претстават во подобро светло, а не преземаат никакви активности во борбата против климатските промени.

time-ja-proglsi-greta-tunberg-za-lichnost-na-godinata-za-2019-03.jpg

„Сè уште верувам дека најголемата опасност е да не првите ништо, вистинската опасност е кога политичарите и директорите се преправаат како да прават нешто, а всушност не прават ништо освен сметководство и паметни ПР кампањи“, изјави активистката на самитот на ОН во Мадрид.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
Сериозен проблем со здравјето, неколку операции: Што се случи со најубавото девојче во светот, Тилан... 22-годишната Тилан Блондо беше прогласена за „најубаво девојче во светот“ кога и...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg