Наместо кул фотки од патувања, жена си ја слика „гушата“ пред популарни туристички атракции
- Детали
- вторник, 26 ноември 2019
Додека сите се обидуваат да направат совршени Инстаграм фотки, оваа жена се спротивставува на притисокот од социјалните мрежи и прави смешни фотки од патувања со акцент на гушата.
Кога ги гледаме фотките на блогерите за патувања, помислуваме дека живеат во некоја нереална бајка и всушност, тоа навистина е нереално.
За нивните фотографии да изгледаат магично, тие вложуваат многу труд, направени се од посебни агли и „украсени“ со многу ефекти.
Сепак, во реалноста, луѓето кои сакаат да уживаат во патувањата не се оптоваруваат толку и не трошат толку многу време на само една фотографија.
Токму затоа, Мишел Лиу решила да се спротивстави на притисокот и стандардите за убавина на социјалните мрежи и наместо совршени селфиња, прави смешни фотки каде акцент дава на гушата.
„Гушата на Мишел“ го прошета цел свет, а фотките изгледаат вака:
M. M. | Црнобело