Apple 6 пати повреден од FB
- Детали
- четврток, 06 јануари 2011
Верувале или не, Apple во рок од 6 месеци успеа да ја зголеми својата вредност за $50 милијарди долари и сега е втора компанија според вредност во светот...
...пред Apple е само Exxon Mobil.
На 3 јануари цената на акциите на фирмата на Стив Џобс, Apple, порасна за 7 бодови и се качи на $329,75 долари, што и даде на компанијата пазарна вредност од $302,47 милијарди долари, втора по големина во светот.
Apple минатата година оствари рекордна заработка пред се благодарение на своите два нови производи – телефонот iPhone4 и таблетот iPad кои без оглед на сите критики ги надминаа и најоптимистичките предвидувања и успешност во продажбата.
Само во четвртото тримесечје Apple продаде 3,89 милиони компјутери Macintosh, 14,1 милиони iPhone-и, преку 9 милиони iPod плеери и повеќе од 4 милиони iPad-и.
Пред само 8 месеци Apple вредеше $223 милијарди долари, што го направи највредна технолошка компанија и го доведе пред Microsoft, а кога во септември вредноста на неговите акции надмина $300 долари, вредноста на компанијата достигна $274 милијарди.
Така, сега може да се каже и дека Apple вреди 6 пати повеќе од Facebook.