Лос Анџелес трага по мистериозната бездомничка со ангелски глас
- Детали
- понеделник, 30 септември 2019
Една мистериозна жена привлече навистина големо внимание во метро станица во Лос Анџелес.
Неодамна, полицијата од Лос Анџелес, на својот Twitter профил сподели видео од жена која пее неверојатно. Во објавата стои:
„4 милиони луѓе го нарекуваат Лос Анџелес свој дом. 4 милиони приказни. 4 милиони гласови… понекогаш само треба да застанете и да слушнете еден, да слушнете нешто убаво.“
4 million people call LA home. 4 million stories. 4 million voices...sometimes you just have to stop and listen to one, to hear something beautiful. pic.twitter.com/VzlmA0c6jX
— LAPD HQ (@LAPDHQ) September 27, 2019
Видеото, кое го снимил еден полицаец, ја прикажува жената која турка голема количка и носи три кеси, додека без проблем пее арија од Пучини.
Полицаецот кој го направил видеото изјавил дека не сака да дава никакво интервју, бидејќи вниманието требало да биде свртено кон жената.
Сепак, идентитетот на жената сè уште е непознат, но жителите на Лос Анџелес почнале да споделуваат што знаат за неа.
„Со години ја гледам на метрото. Еднаш ја слушнав како ја пее Ave Maria и мислев дека е радио. Секој си има приказна… исто и оваа жена.“
„Ја имам забележано жената неколку пати, додека се возам во метрото и ја имам видено како храни птици на улиците.“
„Ниту во милион години не би помислил дека има толку убав глас.“
Според некои извори, жената можела да свири и виолина, и неретко барала мирно место каде што може да пее.
Изгледа дека интернет корисниците навистина сакаат да ја пронајдат оваа жена, па можеби дури и да ѝ донесат слава.
Оригиналното видео е прегледано над 154.000 пати, па којзнае, можеби наскоро ќе ја откриеме новата музичка ѕвезда.
Спирова С. | Црнобело