„Време е да делуваме сега“: Најкреативните транспаренти од протестите против климатските промени
- Детали
- вторник, 24 септември 2019
На 20-ти септември 2019-та година, милиони млади луѓе од целиот свет решија дека е време да се преземе нешто во врска со климатските промени.
Учениците избегаа од училиште и започнаа протести, со кои сакаат да им го привлечат вниманието на светските лидери кон проблемот кој станува сè поголем.
Движењето беше започнато од 16-годината Грета Тунберг уште мината година. Во 2018-та година, Грета почнала секој петок да бега од училиште и да протестира пред парламентот на Шведска. Оттаму се роди идејата за Fridays for Future (Петоци за иднината).
Грета инспирира многумина кои, поттикнати од гневот и разочарувањето, решија да ги земат работите во свои раце. Ова резултира со голем број протести во многу држави ширум светот.
Бидејќи ниту еден протест не минува без креативни транспаренти, ист беше случајот и со овој.
Младите го покажаа својот револт на навистина креативен начин.
„Ги испуштаме часовите за да ви одржиме лекција“, „Немаме друга планета“, „Направив ДНК тест и излезе дека сум 100% исплашен за нашата иднина“ се само дел од пораките што младите се обидуваат да ги испратат.
Погледнете каква беше атмосферата на протестите ширум светот, како и некои од најкреативните транспаренти што сте ги виделе досега.
These signs at the Sydney #climatestrike are a mood pic.twitter.com/x1Gu4JpWQW
— Bruno (@LunoVox) September 20, 2019
I cannot with this sign. #ClimateStrike pic.twitter.com/nuo0XKA1kx
— Omar Sakr (@omarsakrpoet) September 20, 2019
Best sign I saw today #climatestrike pic.twitter.com/Sn5vjpDxIf
— Michael Morris (@mtcmorris) September 20, 2019