5-годишно девојче стана вирален хит – Како изгледа пред и по првиот школски ден? (фото)
- Детали
- вторник, 27 август 2019
Пред училиште стокмена во униформа, со средена фризура и панделка, а по училиште овој е изглед е целосно уништен – 5-годишната Луси имала тежок ден, а мајката се пошегува на нејзина сметка...
На социјалните мрежи вирално се шири фотка од 5-годишно девојче пред и по првиот школски ден.
Пред училиште, нејзината мајка ја фотографирала, облечена во уредно испеглана униформа, со чорапи до колена, наместена кравата и средена коса со панделка – девојчето блеска.
Но, кога се вратила од училиште, овој сладок изглед бил целосно уништен, а нејзината мајка веднаш ја фотографирала и на шега ја објавила на Facebook.
Сега фотката вирално се шири на социјалните мрежи и 5-годишната Луси од Глазгов е вистински хит.
Before and after photos of a five-year-old girl on her first day of school have gone viral after showing her hilarious...
-->-->Posted by Jan's jobs and things on Friday, August 23, 2019
Според мајката, девојчето не правело ништо посебно на првиот школски ден, а овој хаотичен изглед е резултат од игра со другарчиња. Вообичаено, девојчето било срамежливо и префинето, но изгледа училиштето извадило друга страна од неа...
Како изгледаат вашите деца пред и по училиште?
М. М. | Црнобело