Неограничена забава и многу емоции во ресортот Green Coast во Паласа, Албанија

Албанската ривиера е несомнено еднa од најинтересните области во оваа земја со извонредни природни убавини, кристално чиста морска вода и магични плажи како и културно-историско наследство и бројни атракции кои отвораат многу шанси за истражувањe. Овoj дел од Албанија нуди незаборавни патувања исполнети со изненадувања за сите и не е невообичаено што пределот го привлекува вниманието на меѓународните медиуми кои имаат направено многу репортажи и извештаи за убавините.

neogranicena-zabava-i-mnogu-emocii-vo-resortot-green-coast-vo-palasa-albanija-01.jpg

Една од највпечатливите локации на ривиерата е ресортот Green Coast и за секој што ќе избере да живее или да дојде на летување, во овој туристички објект воспоставен е интегриран систем на услуги што одговара на потребите на сите. Освен елитните вили со поглед кон морето и планината Љогара, Green Coast нуди бројни услуги и забава. Шеталиштето „оживеа“ пред 2 години и оваа летна сезона нуди многу повеќе услуги за жителите и посетителите.

neogranicena-zabava-i-mnogu-emocii-vo-resortot-green-coast-vo-palasa-albanija-02.jpg

Nazar Beach, елитниот ресторан во шеталиштето на Green Coast, овозможува незаборавно искуство, највисок квалитет, уникатни коктели и богат избор на специјалитети. Исто така, во близина на Назар, посетителите може да уживаат и во традиционалните убавини како рачно изработениот накит.

neogranicena-zabava-i-mnogu-emocii-vo-resortot-green-coast-vo-palasa-albanija-03.jpg

За сите љубители на спортот на отворено, за прв пат годинава, Green Coast во соработка со Sky Sports Albania, нуди посебна спортска област. Со огромно искуство во понудата на различни видови на спортски активности како и професионална екипа, Sky Sports донесе во Green Coast магично искуство исполнето со емоции и адреналин како никаде на друго место. Географската положба на Green Coast е совршена за многу спортови како што се: параглајдерство, планински велосипедизам или  велосипедизам, сурфање на ветер, нуркање, одбојка и многу други. Сето ова го прави Green Coast омилена дестинација.

neogranicena-zabava-i-mnogu-emocii-vo-resortot-green-coast-vo-palasa-albanija-04.jpg

На шеталиштето оваа година се додадени и други локации и услуги како Bohemian Sophie Palase, Otium Restaurant, Calme Beach Bar& SPA, Bamboo SPA, Sambas Beach Bar, фаст-фуд ресторани, супермаркети итн. Со понудените услуги, доаѓа и можност за релаксација во СПА центрите, отворени за секој посетител на Green Coast. Сите овие работи и уште многу други кои се во план, ја исполнуваат секоја желба на посетителите, преобразувајќи го Green Coast во оаза на тишината, релаксацијата и забавата.

neogranicena-zabava-i-mnogu-emocii-vo-resortot-green-coast-vo-palasa-albanija-05.png

- Уште од почетните фази на проектот Green Coast, не само што се насочивме кон развојот на резиденцијалната област, туку и повеќе од тоа. Нашата цел беше да понудиме елитно ниво на живот и највисоки стандарди за албанскиот туризам, преку широк спектар на услуги и уникатни производи, соодветно опкружување за спорт и други активности на отворено и имплементација на најуспешните глобални искуства - Евис Челику, извршен директор на Green Coast.

neogranicena-zabava-i-mnogu-emocii-vo-resortot-green-coast-vo-palasa-albanija-06.jpg

Покрај големиот избор на услуги, ресортот Green Coast ги истакнува и културните и историските вредности на областа. Паласа има богата историја која датира пред Христа, документирана од многу автори како и самиот Цезар, кој во 48 година п.н.е., го закотвил бродот со својата легија за освојување на Паласа во тек на војната против Помпеја. Со цел да се промовираат историските вредности, Green Coast иницираше и овозможи соработката со познати уметници како Адријан Исуфи и Ергис Крисико за создавање идентификувачки сигил во форма на скулптура. Ова величествено дело со дијаметар од 4 метри и облик на монета ќе биде поставено на шеталиштето во Green Coast.

neogranicena-zabava-i-mnogu-emocii-vo-resortot-green-coast-vo-palasa-albanija-07.jpg

Зимскиот брег ресорт ветува многу емоции, бесконечна забава, спортски активности, уникатни настани, уметнички настапи, елитна услуга и многу други изненадувања.

Повелете!

За повеќе информации за проектот Green Coast, посетете ја www.greencoast.al или пишете/јавете се на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ; +355 69801499

neogranicena-zabava-i-mnogu-emocii-vo-resortot-green-coast-vo-palasa-albanija-08.jpg

Би можело да ве интересира:

„Сакав скромна забава за синот – сите родители дојдоа со плус 1 дете, па на крај морав да платам ушт... Во ред ли е на забавите во игротека освен детето што е покането да ги носите и н...
Ослабел 108kg, па пак се здебелил, невестата е 1.300 пати посиромашна од него - Факти за индискиот п... Младоженецот ги оставил сите со подзината уста кога ослабел 108 килограми во 18 ...
„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
„Трапавиот Чарлс“ – Избегнал смртоносна лавина, сам ќе си го откинел прстот со чекан Скршил рамо додека ловел лисици, не знае ни сам колкупати паднал од коњ, а за ма...
„Јас сум плус-сајз девојка и сакам да патувам – плаќам за 2 седишта во авион, но се соочувам со крит... Инфлуенсерката Саибра е плус-сајз девојка која сака да патува и вели дека секојп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg