Како изгледа Пенис паркот во Јужна Кореја со бизарни статуи насекаде? (фото)
- Детали
- четврток, 15 август 2019
Во Јужна Кореја има бизарен тематски парк исполнет со скулптури од пенис, а луѓето навистина го посетуваат и прават смешки фотки кои не се срамат да ги објават на социјалните мрежи.
Покрај прекрасната глетка од природа, она што најмногу остава впечаток во бизарниот Haesindang парк во Јужна Кореја се многуте скулптури од пенис.
„Гуглав што да посетам кога ќе патувам во Јужна Кореја и додека пребарував, покрај фотките од храмови и национални паркови, се појавија огромни статуи од пениси.
Јас сум голем фан на азиските туристички атракции, па овој пенис парк ми стана топ приоритет. Бев малку збунет додека бев таму, но местото има генијална цел. “ – изјавил австралиски фотограф.
Всушност статуите се изградени за да го одржуваат среќен духот на почината девица.
Според стара трагична легенда, една девица била оставена на карпа во море додека маж ѝ работел. Подоцна, тој не можел да се врати по неа заради невреме и жената се удавила.
По нејзината смрт, локалците не можеле да опстанат бидејќи немало риби за ловење, а многумина претпоставиле дека нејзиниот дух е причината за тоа.
Еден ден, рибар уринирал во водата и потоа успеал да улови риба, по што бизнисот со рибите се вратил во селото, па се сметало дека е заради тоа што ја изложиле девицата на машки гениталии.
За да го задоволат нејзиниот дух, биле направени неколку дрвени статуи во пенис, а подоцна тоа прераснало во цел парк.
Погледнете како изгледа Пенис паркот со повеќе од 300 статуи – би го посетиле ли?
M. M. | Црнобело