Собирачи на отпад ѝ го разубавиле 100-иот роденден на омилената баба во соседството
- Детали
- среда, 14 август 2019
Сигурно сметате дека 100-тиот роденден е вистинско достигнување, но една старица не очекувала ништо за нејзиниот. Сепак, група собирачи на смет кои долго ја знаеле старицата решиле да ѝ го разубават роденденот.
На денот на нејзиниот 100-ти роденден, неколку собирачи на смет се собрале пред куќата на старицата Мејси, запалиле свеќи на мала торта и затропале на нејзината врата.
Кога ја отворила вратата, собирачите почнале да ја пеат роденденската песна – гест на кој Мејси не останала рамнодушна.
Мажот што ја носел тортата ѝ рекол: „Посакај да доживееш 105 години“, на што Мејси на шега му одговорила: „Замолчи!“
Видеото од настанот е споделено на Reddit и веднаш се прослави.
Еден корисник коментирал:
„Искрено, ова е едно од најубавите нешта што ги имам видено. Работев во дом за стари лица и нема ништо поубаво од тоа кога ќе ги изненадеа со добри гестови.
Не размислуваме многу за тоа, но староста може да биде многу тешка за некои луѓе и верувам дека ова навистина ѝ го направи денот поубав.“
Спирова С. | Црнобело