Мајка принудена да интервенира, откако поп од Русија насилно го крштева бебето (видео)
- Детали
- понеделник, 12 август 2019
Поп од Русија беше суспендиран во времетраење од 1 година, откако насилно го крштева бебето кое вреска од страв.
Вознемирувачкото видео не е прво од ваков тип и токму тоа е уште пострашно. Во најновото видео, бебето вреска од страв, додека попот е упорен да ја заврши процедурата.
Во еден момент дури мајката интервенира, не сакајќи да продолжи тортурата врз нејзиното 1-годишно бебе.
„Бебето има гребаници по неговиот грб и врат. Сега има панични напади и хистерија, се плаши од сè,“ тврди мајката.
„Вака ги крстам децата веќе 26 години,“ била изјавата со која попот се бранел.
Уште едно предупредување, видеото е вознемирувачко:
https://www.youtube.com/watch?v=9nKNE3YiDIA
М. Д. | Црнобело