Инфлуенсери кои беа осудени од јавноста поради нивното однесување

Денес е вистински тренд да се осудуваат инфлуенсерите, па луѓето ја бараат секој прилика за тоа. Иако најчесто злобните коментари се од љубомора, понекогаш инфлуенсерите одат предалеку за да привлечат внимание.

influenseri-koi-bea-osudeni-od-javnosta-poradi-nivnoto-odnesuvanje-01.jpg

Во продолжение погледнете неколку ситуации во кои инфлуенсерите навистина претерале.

Фотографирање во Музејот Аушвиц

Луѓето што го посетуваат Аушвиц најчесто го прават тоа за да оддадат почит и да научат нешто повеќе за тамошните ужаси. Но, постојат и оние кои се однесуваат недолично само за да направат фотографија за Инстаграм.

Бидејќи го забележале ова, дури и од музејот препорачале да не го користите местото како позадина за вашите Instagram фотки:

„Кога ќе дојдете во Музејот Аушвиц запомнете дека сте на место каде што биле убиени над 1 милион луѓе. Почитувајте го нивото сеќавање.

Постојат подобри места каде што можете да научите да одите по пруги наместо местото што ја симболизира депортација на илјадници луѓе до нивната смрт“, стои во нивна објава на Twitter.

Споредба со животот на работниците

Инстаграмџиката Натали Шалер има над 12.000 следбеници и со една објава успеала да ги разгневи речиси сите. Таа објавила фотографија на која позира во бикини пред полиња со ориз. Проблемот е описот што го ставила на фотографијата:

„Размислувам за тоа колку ми е поразличен животот од мажот кој секое утро работи на полето со ориз.“

Инстаграмџиите веднаш реагираа бурно и ја нарекоа Натали плитка и без чувства.

influenseri-koi-bea-osudeni-od-javnosta-poradi-nivnoto-odnesuvanje-02.jpg

Жена уништила растенија за фотографија

Оваа жена ги изгазила растенијата во една градина само за да направи фотографија за Instagram. Фотографија во продолжение била објавена на Reddit, а корисникот што ја објавил напишал:

„Неколку луѓе ја замолија да престане и таа ги игнорираше сите. По некое време дојде обезбедување и ги изнесе и неа и фотографот. И на двајцата им рекоа никогаш да не се враќаат.“

influenseri-koi-bea-osudeni-od-javnosta-poradi-nivnoto-odnesuvanje-03.jpg

Јога на споменикот за холокаустот во Берлин

Слично како и Аушвиц, и овој споменик е овде за да нè потсети на ужасите од нашето минато. Но на некои не им е грижа за тоа. Една девојка се фотографирала како вежба јога на споменикот, нешто што разгневи многумина.

Според многу интернет корисници, ова е вистинско непочитување на оние кои ја претрпеле трагедијата.

influenseri-koi-bea-osudeni-od-javnosta-poradi-nivnoto-odnesuvanje-04.jpg

Опасен бакнеж

Кели и Коди се познати инстаграмџии кои објавуваат фотографии од патувања. На една фотографија се гледа парот како се бакнува, додека Кели „виси“ од базенот на голема височина. 

Инстаграмџиите го критикувале парот дека отишле предалеку само за да ја покажат силата на Коди. Проблемот е што луѓето ги копираат инфлуенсерите и кога некој друг ќе се обиде да ја повтори фотографијата, може да настрада.

influenseri-koi-bea-osudeni-od-javnosta-poradi-nivnoto-odnesuvanje-05.jpg

Лажно патување во Париз

Како филтрите и алатките за обработување фотографии да не се доволно, некои инфлуенсери го носат лажењето на сосема ново ниво. Инфлуенсерката од Шведска, Џоана Олсон се обидела да ги излаже своите следбеници дека била во Париз.

Но нештата не оделе по план бидејќи сите ја забележале лошата обработка на Photoshop. Таа изјавила дека се фотографирала во Париз, но не ѝ се допаднала фотографијата. Потоа направила друга фотографија и само додала позадина од Париз.

https://www.instagram.com/p/BpCMLEGHSnA/?utm_source=ig_embed

Фотографирање во Чернобил

После серијата Chernobyl, Припјат им стана омилена локација на инфлуенсерите. Видовме безброј фотографии од овде, без никакво објаснување за значењето на местото.

Но дури и креаторите на серијата почнаа да ги предупредуваат дека всушност си го загрозуваат животот и ги замолија да престанат да го посетуваат местото само за да се фотографираат.

influenseri-koi-bea-osudeni-od-javnosta-poradi-nivnoto-odnesuvanje-06.jpg

„Оддавање почит“ на жртвите од пожарите во Калифорнија

Многу инфлуенсери објавија фотографии за да им оддадат почит на жртвите од пожарите во Калифорнија. Но, проблемот е што фотографиите немаат никаква врска со трагедијата.

Многу интернет корисници ги осудија овие инфлуенсери дека ја користат оваа можност за внимание и уште полошо, за да ги рекламираат нивните тела.

https://twitter.com/likeandsub/status/1062830203091603456?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.buzzfeednews.com%2Farticle%2Fjanelytvynenko%2Finstagram-influencers-california-wildfires

Извор

Би можело да ве интересира:

Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
„Сопругот ми плаќа по 100 долари неделно за да чистам и да готвам - Зошто ова ми е најдобрата работа... Според оваа млада Американка, тоа што жените бараат мажите во домот да ги завршу...
Сериозен проблем со здравјето, неколку операции: Што се случи со најубавото девојче во светот, Тилан... 22-годишната Тилан Блондо беше прогласена за „најубаво девојче во светот“ кога и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg