Јутуберка по грешка објави видео на кое го тепа и плука своето куче
- Детали
- петок, 09 август 2019
„Згрозен сум, Брук го злоупотребува кучето кое само сака внимание“ е еден од коментарите за ова загрижувачко видео.
Јутуберката Брук Хутс ги разочара следбениците кога по грешка прикачи видео на кое се гледа како вреска по своето куче, го тепа и изгледа како да го плука.
Загрижувачкото видео поттикна полициска истрага во Лос Анџелес за да се открие во какви услови живее овој доберман.
Бесот на Брук на видеото потекнува оттаму што нејзиниот доберман неколку пати ѝ влегува во кадар и ѝ го прекинува снимањето.
Брук го отстрани видеото од нејзиниот Јутуб канал, но нејзините следбеници веќе го проширија вирално.
Погледнете го инцидентот:
https://www.youtube.com/watch?v=sHpUeq9n2_0
С. С. | Црнобело