Жена-пилот се прослави со возбудливи фотки од хеликоптер
- Детали
- петок, 09 август 2019
Работното место на 29-годишната Луана Торес ѝ е помеѓу облаците, па очекувано е нејзините фотки да привлечат огромен број следбеници кои ќе уживаат во светот од нејзина перспектива.
Луана Торес решила да го следи својот сон да стане пилот на хеликоптер, па денес лета низ некои од најубавите делови од светот.
29-годишната Бразилка редовно објавува фотки од нејзиниот работен ден на Инстаграм – низ планини, ледени езера и снежни шуми, а совршените глетки примамуваат повеќе од 170.000 следбеници.
Идејата да стане пилот ја добила од брат ѝ и неговата девојка, па во 2014-та првпат почнала да тренира во Бразил, каде ја добила првата лиценца.
Потоа се преселила во САД и тренирала за втора лиценца, а во 2017-та заминала во Канада каде ја довршила обуката и ја добила лиценцата за комерцијален хеликоптер, па останала таму да работи.
Погледнете некои од нејзините најубави фотки:
М. М. | Црнобело