Инстаграм ѕвезда со необичен рекорд: Собрал тетовирани автограми од 225 познати личности
- Детали
- понеделник, 05 август 2019
Денес можете да влезете во Гинисовата книга на рекорди за најчудните нешта, а ова најдобро го покажа инстаграмџијата познат како Фанки Матас. Имено, тој успеал да собере дури 225 автограми од познати личности на неговиот грб.
32-годишниот маж од Флорида успеал да ги наговори ѕвездите како Џеф Рос, Вил Смит, Крис Рок, Џерард Батлер и уште многу други да се потпишат на неговиот грб.
Инстаграмџијата и тату артистот чие вистинско име е Хорхе Матас, ја добил идејата на навистина интересен начин.
Имено, се двоумел помеѓу две чудни идеи – прво сакал да постави прашање кое другите ќе го одговорат така што ќе го запишат на неговото тело, а втората идеја била да ги натера неговите пријатели да се потпишат на неговиот грб со вистинска машинка за тетовирање.
Сметал дека втората идеја е поинтересна, а бидејќи и самиот е тату артист, заклучил дека ова не би било проблем.
Хорхе сега има истетовирано 225 имиња на неговиот грб, а изјавил дека „собирал“ автограми само од личности што на некој начин го инспирирале. Сепак, не сите се согласиле да учествуваат во неговиот проект.
„Мажот кој го глумеше Чубака во оригиналниот Star Wars се двоумеше бидејќи му беше страв како ќе излезе тетоважата.“
Помеѓу пријателите Хорхе бил познат по неговите тетоважи, а првата ја направил на 14-годишна возраст. Тој и неговиот пријател си направиле нивна машинка за тетовирање, со која Хорхе вежбал на кожа од свиња.
Со текот на времето, почнал да го тетовира целото соседство, па ова станало една од неговите професии.
Како 225 автограми да не се доволно, па Хорхе изјавил дека сака да собере уште. Наводно, на неговиот грб имало место и за 300 автограми.
Инстаграм ѕвездата, која има над 250.000 следбеници на Инстаграм, сè уште чекал одговор од Гинисовата книга на рекорди за и официјално да го собори рекордот за најмногу собрани автограми од славни, на својот грб.
Спирова С. | Црнобело