„Тоа што никогаш не се омажив ме одржа“ – Жена на 107-миот роденден ја откри тајната за долг живот

Иако многумина ќе делат куп клише совети за долговечност - хумористична 107-годишна жена од Њујорк откри која е тајната што ја одржала во живот цел век - тоа што никогаш не стапила во брак. 

107-godishna-zhena-ja-otkriva-tajnata-na-dolgiot-zhivot-01.jpg

Кога некој ќе проживее цел век, нормално е да се прашуваме како успеал во тоа. Во овој случај најчесто слушаме совети како пиење многу вода, вежбање, избегнување нездрава храна…

Но една Американка открила сосема нова причина за нејзината долговечност – никогаш не стапила во брак.

Луис Џин Сињоре од Бронкс, Њујорк, имала над 100 гости за нејзиниот 107-ми роденден во центарот Bartow. Таа била родена во 1912-та година, истата година кога потонал Титаник.

107-godishna-zhena-ja-otkriva-tajnata-na-dolgiot-zhivot-02.jpg

Луис живеела во Бронкс уште кога имала 14 години, и до денес самата си пазарува, не користи бастун или количка, а од лекарства, зема само за крвен притисок. Навистина неверојатно.

107-godishna-zhena-ja-otkriva-tajnata-na-dolgiot-zhivot-03.jpg

Таа е горда на нејзиното италијанско потекло и верува дека добрата домашна храна со многу овошје и зеленчук, како и избегнувањето на слатките и газираните пијалаци можеби имаат влијание врз нејзината долговечност.

Сепак, таа смета дека ниското ниво на стрес бидејќи нема сопруг е она што ја одржува во живот.

„Никогаш не се венчав. Тоа е тајната. Сестра ми вели дека и таа посакува никогаш да не се венчала.“

Славеничката на својот роденден носела светло розов костим, а најинтересно е што изјавила дека не ѝ е јасно зошто овој ден е толку посебен. Како што рекла таа, досега присуствувала на доволно забави.

107-godishna-zhena-ja-otkriva-tajnata-na-dolgiot-zhivot-04.jpg

Кога ја прашале за нејзиниот сегашен живот, таа изјавила: „Ако вежбаат, вежбам. Ако има танцување, танцувам. После ручек играм бинго, па денот ми е исполнет.“

Но нејзиниот долг живот не бил без страдање. Таа има проблеми со видот, а неодамна се справувала со пневмонија. На 103-годишна возраст доживеала напад и кражба.

Наводно, крадецот ја турнал на земјата и ѝ украл 35 долари, два оброци, лупа и бинго картички. Но, ова не ја спречило Луис да продолжи да излегува бидејќи смета дека е во добра форма.

Покрај животниот стил, изгледа дека долговечноста е наследна во семејството Сињоре. Имено, сестрата на Луис има 102 години. Покрај тоа, мајка ѝ живеела 97 години, а нејзините тројца браќа умреле во нивните 90-ти години.

Во нејзиниот живот, Луис доживеала 18 претседатели на САД, две светки војни, појавата на телевизорот, а целиот свет брзо се сменил пред нејзините очи.

Таа работела како административен асистент за операторите на јавниот превоз во Њујорк до нејзината 65-годишна возраст, кога се пензионирала.

107-godishna-zhena-ja-otkriva-tajnata-na-dolgiot-zhivot-05.jpg

Смета дека вежбањето ѝ го одржало младешкиот дух, исто како и пливањето, но и честото пешачење. Се инспириравте ли од оваа кул жена?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
„Сопругот ми плаќа по 100 долари неделно за да чистам и да готвам - Зошто ова ми е најдобрата работа... Според оваа млада Американка, тоа што жените бараат мажите во домот да ги завршу...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg