Децата од САД и Мексико си играат заедно на клацкалките на ѕидот што ги одделува државите

Неодамна, на ѕидот што ги одделува САД и Мексико беше поставена клацкалка. На големо изненадување, клацкалката веднаш станала хит – и децата и возрасните од двете страни на ѕидот со задоволство ја користеле.

decata-od-sad-i-meksiko-si-igraat-zaedno-na-klackalkata-instalirana-na-dzidot-shto-gi-oddeluva-drzhavite-01.jpg

Клацкалките се поставени помеѓу Ел Пасо, Тексас и Суидад Хуарез во Мексико. Целиот проект е дело на професорот по архитектура Роналд Раел, од Универзитетот Беркли во Калифорнија и професорката по дизајн Вирџинија Сан Фратело, од Универзитетот Сан Хозе.

decata-od-sad-i-meksiko-si-igraat-zaedno-na-klackalkata-instalirana-na-dzidot-shto-gi-oddeluva-drzhavite-02.jpg

Роналд објавил видео на неговиот Инстаграм профил од клацкалката и за многу брзо добил над 32.000 допаѓања.

„Децата и возрасните од двете страни на ѕидот беа поврзани на значаен начин и покажаа дека она што се случува на едната страна, има директни последици на другата“, стоело во неговата објава.

Претседателот Трамп можеби најмногу се прослави поради неговата желба да направи ѕид помеѓу САД и Мексико, нешто што беше дочекано со многу критики. Но, Трамп не е првиот американски лидер со ваква идеја. Претседателите Џорџ Х. В. Буш, Бил Клинтон и Џорџ В. Буш ги одобриле проектите за проширување на ѕидот.

decata-od-sad-i-meksiko-si-igraat-zaedno-na-klackalkata-instalirana-na-dzidot-shto-gi-oddeluva-drzhavite-03.jpg

decata-od-sad-i-meksiko-si-igraat-zaedno-na-klackalkata-instalirana-na-dzidot-shto-gi-oddeluva-drzhavite-04.jpg

decata-od-sad-i-meksiko-si-igraat-zaedno-na-klackalkata-instalirana-na-dzidot-shto-gi-oddeluva-drzhavite-05.jpg

decata-od-sad-i-meksiko-si-igraat-zaedno-na-klackalkata-instalirana-na-dzidot-shto-gi-oddeluva-drzhavite-06.jpg

decata-od-sad-i-meksiko-si-igraat-zaedno-na-klackalkata-instalirana-na-dzidot-shto-gi-oddeluva-drzhavite-07.jpg

decata-od-sad-i-meksiko-si-igraat-zaedno-na-klackalkata-instalirana-na-dzidot-shto-gi-oddeluva-drzhavite-08.jpg

Јавноста го прифатила овој проект и речиси сите имаат само позитивни коментари.

„Мислам дека е лошо што воопшто се направи ѕид. Од кога светот е место каде што другите кажуваат кој каде може да оди? Без разлика на расата и религијата, сите ние сме луѓе и треба да се прифатиме едни со други.“

„Најдобрата употреба на ѕидот.“

„Возрасните градат ѕидови помеѓу нациите – децата градат пријателства.“

Извор

Би можело да ве интересира:

„Ги терам синовите од џепарлакот да плаќаат и за сметките – нека се учат од мали“ Дали деца на 6 години треба да размислуваат за сметки и пари? Синовите на оваа А...
Девојка од Мексико стана првиот адвокат со Даунов синдром: „Сакам да ги бранам луѓето како мене“ Ана од Мексико стана првиот адвокат во светот со Даунов синдром. Дипломирала во ...
Детски парк во Јапонија е сон на секој родител од Македонија (видео) Зип лајн, тобогани, авантуристички мостови.... За забавни паркови како во Јапони...
„Моите деца се родија со 24 дена разлика – по 2 спонтани абортуси, останав бремена во исто време со ... „Лекарот ми рече дека немам потреба од ин витро. Јас останував бремена и не ми т...
„Не заслужувате да сте родители“ - Брачен пар ги оставил децата во кабина на крузер за да одат сами ... „На сличен начин беше киднапирана Медлин МекКен пред неколку години, а денес све...
Мали девојчиња користат продукти за убавина и против стареење – Нов луд тренд на ТикТок Дерматолозите се сериозно загрижени за децата кои користат производи за нега на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg