Жена се „омажи“ за кучето по 4 пропаднати свршувачки и 220 лоши состаноци

Му вети љубов до крајот на животот на единственото машко кое никогаш не ја оставило во животот – нејзиното куче Логан.

zhena-se-omazhi-za-kucheto-po-4-propadnati-svrshuvachki-i-220-loshi-sostanoci-01.jpg

Со социјалните мрежи може мислите дека пронаоѓањето на партнер е полесно, но не е така.

Елизабет Худ е жена која вели дека состанувањето не ѝ донело ништо добро и дека постојано имала несреќни мигови поради неуспесите во љубовта.

Така таа решила да ги земе работите во свои раце и да се „омажи“ за единственото машко кое никогаш не ја оставило во животот – нејзиното куче Логан.

По 220 љубовни состаноци и 4 пропаднати свршувачки, таа му ветила љубов до крајот на животот на нејзиниот златен ретривер.

„Како да беше судено да се сретнеме. Бев скршена пред него. Тој на некој начин ме спаси“, вели Елизабет за својот миленик.

Таа го земала Логан од згрижувачки центар и за него се грижи оттогаш.

Церемонијата на венчавање се одржи во епизода на емисијата „This Morning“. Таа кажа завет на љубов и на крај го бакна Логан.

И додека на Елизабет ова ѝ бил еден од најромантичните мигови во животот, многу луѓе се згрозени од потегот.

Фотки од „брачниот пар“:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жена од Малезија 6 години се грижела за сопругот врзан за кревет - закрепнал и ја оставил за друга Кога на добра жена ќе ѝ се погоди лош и неблагодарен маж... Приказна од Малезија...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Маж осуден откако силувал девојка во воз, а никој од патниците не реагирал - Детали за случајот што ... Рајан Џонстон е осуден на 9 години затвор од страна на судот во Лондон, откако в...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
Жена (33) се обидела да се фрли под воз – мажот што ја спасил, денес ѝ е сопруг со кого има 3 деца „Животот станува подобар, само мора да бидете тука за да видите“ – вели оваа жен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg