Преморени од чекање на аеродром? Инсталирани капсули за спиење кои ќе посакате да ги има секаде
- Детали
- сабота, 27 јули 2019
Интимни капсули за спиење дизајнирани од Sleepbox беа инсталирани на интернационалниот аеродром Dulles во Вашингтон, САД.
Sleepbox има 16 соби за дремка коишто може да се изнајмат во времетраење од еден час па нагоре, со цел патниците на аеродромот да одморат на мир.
Просторот од 110 м2 се наоѓа во делот на аеродромот после безбедносната проверка, а во интернационалниот дел е исполнет со два реда капсули за преспивање.
Капсулите се изработени од иверка и дрво, теписите внатре се од рециклирани кеси, а минијатурните простори се осветлени со ЛЕД светилки. Секоја од единиците се приклучува посебно во струја како засебен елемент и на тој начин може да функционира како самостоен дел од хотел.
Единиците со големина од 3,2 м2 имаат безжични контроли на температурата, прозорец со затемнување, осветлување во боја според вашето расположение и блутут звучници.
Sleepbox капсулите работат со апликација на мобилен преку која се букираат, отклучуваат и заклучуваат и целосно се контролира внатрешноста, односно осветлувањето, климатизацијата и звучниците.
Зарем ова не е прекрасна идеја, особено доколку сте „заглавени“ повеќе часови на аеродром?
(О)Милена | Црнобело