Што се прави на ВЦ шољата?
- Детали
- вторник, 14 декември 2010
Немојте да бидете зачудени кога ќе слушнете дека 41% од луѓето озборуваат, 30% зборат за нивната работа, 20% за секс, а 16% за нивните љубовен живот -
додека се на ВЦ шољата во јавните тоалети! Да, јавните тоалети се место за социјализација.
Дури 86% од испитаниците велат дека често имаат лични разговори кога се во ВЦ. Но, ова е малку чудно бидејќи 73% се согласуваат дека ВЦ-то не е место каде луѓето треба да се дружат.
Истражувањето вклучувало 1.300 мажи и жени на возраст од 18 до 64 години.
На прашањето како ја користат тоалетната хартија, 31% рекле во форма на снежна топка, а 28% ја виткаат во квадрати.
Повеќе од 53% рекле дека ја покриваат ВЦ школката со тоалетна хартија кога не се дома, 19% ја стерилизираат со влажно марамче, а цели 10% едноставно седнуваат на ВЦ школката каква и да е.
Имате вие да споделите некои “интересни” навики таму кај што царот оди пешки?