По 15 години синот на Стив Ирвин го храни истиот крокодил на истото место како татко му
- Детали
- четврток, 04 јули 2019
Роберт Ирвин од Австралија е достоен наследник на познатиот „Ловец на крокодили“, кој почина од убод на раја во 2006 година.
15-годишниот Роберт Ирвин тргна по стапките на неговиот татко Стив Ирвин, кој беше познат како еден од најголемите вљубеници во природата и го носеше прекарот „Ловецот на крокодили“.
Иако неговиот татко почина прерано од убод на раја, Роберт не го заборави него и сè што тој го учеше, па сега е негов достоен наследник.
Тој 15 години подоцна го хранеше истиот крокодил на истото место како неговиот татко, а споредбата на двете фотографии го топи срцето. Станува збор за крокодилот Муреј од австралиската зоолошка градина.
Емотивната споредба:
Тинејџерот сака да стане успешен фотограф на дивиот свет и постојано ја посетува австралиската зоолошка градника каде е во контакт со некои од најопасните животински видови на планетата.
Фотки од Роберт Ирвин:
Прочитајте и за ќерката на Стив - Бинди ги открива најдобрите лекции од татко ѝ Стив Ирвин, кој почина од убод од раја!
С. С. | Црнобело