Сладоледџија: „На инфлуенсерки што бараат гратис сладолед им наплаќам двојно“
- Детали
- среда, 03 јули 2019
„Секој може да стане инфлуенсер, само треба да му плати на Инстаграм, здодеано ми е кога ми барате гратис сладолед вие луѓе без талент“, вели изреволтиран сладоледџија од Лос Анџелес.
Сопственикот на компанијата за продажба на сладолед CVT Soft Serve од Лос Анџелес, Џое Ничи има нова политика во работењето.
Тој поставил правило секоја инфлуенсерка што ќе му побара гратис сладолед да плати двојно. Толку му здодеало од нив што дури поставил знак со кој го нагласува ова.
Вели дека навистина не му е потребна нивната реклама на Инстаграм и дека не планира да им дава гратис сладолед само за тие да прикачат слика со сладоледот на своите профили.
„Не ни е грижа колку следбеници имате. Никогаш нема да ви дадеме гратис сладолед во замена за пост на социјалните мрежи. Ако за другите сладоледот е 4 долари, за вас е 8 долари“, е пораката на оваа компанија која го користи дури и хаштагот #InfluencersAreGross.
Џое вели дека многу од т.н. инфлуенсери всушност имаат лажни следбеници и лајкови и дека секој може да стане „инфлуенсер“ само ако е подготвен да му плати на Инстаграм за тоа. Додава дека за тоа не ви е потребен талент.
https://www.instagram.com/p/BzBeC9CpxKy/
С. С. | Црнобело