Се знаеле од основно и го чекала да раскине – љубовна приказна обновена по 20 години
- Детали
- вторник, 02 јули 2019
Не постои личност што не се сеќава на својата прва љубов, дури и децении подоцна. Одличен пример за ова се Џоaн и Адам Иден од Велика Британија.
Овој пар со неверојатна љубовна приказна се запознал во основно училиште, пред речиси 20 години. Со текот на времето, тие изгубиле секаков контакт, за повторно да се сретнат на училишен собир.
Џоан отсекогаш чувствувала нешто за Адам, но животот ги однел во разни насоки, па не биле во контакт откако заминале во разни средни училишта.
Кога наполниле 31 година, и двајцата присуствувале на собир од основното училиште и повторно се сретнале.
„Тој ми беше омилената личност на училиште, секогаш правеше да се смеам и ми помагаше со задачите. Адам беше највисок во класот, а јас најниска. Се разделивме кога бевме тинејџери, но го имав видно неколку пати, само немав храброст да му пријдам.
Отсекогаш ми се допаѓал и го следам на социјалните мрежи, но изгледа дека секогаш кога едниот од нас беше сингл, другиот имаше партнер, што е фрустрирачко. Но, за среќа, судбината си го најде својот пат“, изјавила Џоан.
Џоан додала дека кога се виделе прв пат после толку многу време, ѝ изгледало како да не поминало ни ден. Се сложувале одлично, но тогаш Адам имал девојка, па Џоан не можела да преземе ништо.
„Имаше собир од основното во 2013-та и присуствуваме и двајцата. Се сеќавам дека се согласувавме одлично, како пред многу години.“
Но Џоан мислела дека Адам продолжил со својот живот - на собирот се појавил со девојка која одела во истото училиште, и ова ја растажило.
Но, два месеци подоцна, Џоан дознала од Фејсбук дека Адам повторно е сингл и овој пат собрала храброст да му го испрати нејзиниот број.
„Тоа беше најдобрата одлука што ја донесов бидејќи тој е мојата сродна душа што ме натера да постигнам нешто. Никогаш не мислев дека ќе добијам диплома по психологија.“
Адам и Џоан пораснале одвоени, но сепак откриле дека си припаѓаат еден на друг. По неколку месеци, Џоан била убедена дека им е судено да бидат заедно.
Кога мајката на Адам дознала дека се гледаат, веднаш почнала да бара фотографии од нив од детството. Адам не можел да верува дека има стари фотографии од неговата сегашна сопруга, а ова му било доказ дека тие се создадени еден за друг.
Денес парот е во брак и се посреќни од кога било. Адам и Џоан се одличен пример за сите нас.
Ако имате голема изгубена љубов и ви недостасува, обидете се да воспоставите контакт. Не можете да изгубите ништо, а никогаш не знаете што може да произлезе од тоа.
Спирова С. | Црнобело