„Беше влакнеста, па ѝ ги вадев влакната во сон“ – Мајка критикувана што ја исчупала 15-месечната ќерка

Анонимна мајка добила низа критики откако се исповедала дека ѝ ги исчупала веѓите на 15-месечната ќерка од естетски причини.

beshe-vlaknesta-pa-i-gi-vadev-vlaknata-vo-son-majka-kritikuvana-shto-ja-ischupala-15-mesechnata-kjerka-01.jpg

Со чувство на грижа, анонимна мајка се обратила на Reddit за да праша дали е лошо тоа што го направила, секако без фото докази.

Нејзината 15-месечна ќерка била прекрасна и се родила со коса и големи трепки, но со тек на време веѓите почнале да ѝ се спојуваат, па таа одлучила да ѝ го извади вишокот влакна на лицето.

Откако нејзината пријателка ја осудила за постапката, таа решила да праша и други непознати за нејзиното дело:

„Пред 15 месеци родив прекрасно девојче. Отсекогаш била влакнеста. Беше родена со коса и прекрасни трепки.

Но, со тек на време, веѓите почнаа да ѝ се спојуваат на средината. На почетокот не беше страшно, но во последниве 4-5 месеци станаа погусти.

Од естетски причини, решив да ѝ ги извадам додека спие. Кога се бдуеше, престанував. Успеав да ги извадам сите за неколку дена. Не мислев дека е нешто лошо.

Но, една пријателка ме осуди за чинот откако и признав искрено дека сум го направила тоа. Не знаев што да кажам, но очигледно потоа се чувствував несигурно. Мојот сопруг ми рече дека премногу размислувам, но не знам.

Ве молам за искрен фидбек.“

beshe-vlaknesta-pa-i-gi-vadev-vlaknata-vo-son-majka-kritikuvana-shto-ja-ischupala-15-mesechnata-kjerka-003.jpg

Очекувано, фидбекот е негативен, а мајката добила низа критики. Многумина сметаат дека тоа не е нејзин избор и се прашуваат дали наскоро ќе почне да ѝ ги депилира и нозете.

Други, велат дека за бебето не значи ништо ако има густи веѓи, а за мајката, тоа што ѝ ги вади влакненцата едно по едно на ќеркичката бидејќи не е доволно убава, може да остави трајни последици.

Помеѓу оние кои упатија лоши критики, се најдоа и такви кои ја оправдаа и поддржува, бидејќи како мали се соочувале со исмејување од такви причини, па велат дека е подобро некои работи да се направат на овој начин.

Што мислите вие за оваа мајка?  

beshe-vlaknesta-pa-i-gi-vadev-vlaknata-vo-son-majka-kritikuvana-shto-ja-ischupala-15-mesechnata-kjerka-02.jpg

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Поголемата ќерка ја доела до 6 години, а помалата ќерка (3) сè уште ја дои - Мајка од Романија стана... „Јас моите ќерки не ги одбивам од доење, им давам сè додека тие не посакаат да с...
„Поради рак на дојка, не можам да имам деца – најдобрата другарка ми беше сурогат мајка“ „Отсекогаш сакав да станам мајка и по дијагнозата со рак, мислев дека ќе биде не...
„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
Исповед на жена: „Родена сум од сурогат мајка – Како тоа се одрази врз мојот живот?“ „Моите родители беа многу богати и живеевме во прекрасни палати. Материјално не ...
Таткото на Бјанка Сенсори, кој бил дел од картел: „Сакам да го прашам Канје зошто ја шета ќерка ми г... „Таткото на Бјанка, Лео, сака да седне со Канје и да го праша што мисли па ја па...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg