Најскапиот прв роденден - чинел 55.000 евра и се одржал на изнајмен стадион (фото)

Како изгледа прв роденден на кој се потрошени 55.000 евра за тематска забава со импровизирана џунгла, тропски животни, статуи од горили и славеничка облечена во црн балски фустан?

raskoshna-zabava-so-djungla-gorili-i-tancharki-vredi-li-roditelite-da-frlaat-ton-pari-za-prv-rodenden-foto-01.jpg

Секој родител го сака најдоброто за своето дете, но понекогаш, многумина претеруваат со луксузирање за нешто што детето не го помни, ниту пак знае дека се случува, а токму таков пример се Фариал и Амир.

Со оглед на тоа што родителите потрошиле 1 милион долари за нивната свадба, за веридба и други прослави, расфрлањето со пари за детските родендени не им е воопшто проблем.

Претприемачката во индустријата за шминка, Фариал Макдум и нејзиниот сопруг, боксерот Амир Кан организирале раскошна забава за првиот роденден на нивната ќерка, на стадионот каде се одржала нивната свадба.

За забавата, тие го претвориле екстравагантното место во џунгла, полна со статуи од тропски животни, грмушки, птици и пеперутки кои висат одозгора и под со тематски принт.

На прославата, целото семејство е облечено во црно, вклучувајќи ја и малата славеничка, која за првиот роденден носи црн, балски фустан, несвесна што се случува околу неа.

Како изгледа луксузната забава по повод прв роденден и вреди ли родителите да го прават ова за толку мали деца?

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Сакав скромна забава за синот – сите родители дојдоа со плус 1 дете, па на крај морав да платам ушт... Во ред ли е на забавите во игротека освен детето што е покането да ги носите и н...
Ослабел 108kg, па пак се здебелил, невестата е 1.300 пати посиромашна од него - Факти за индискиот п... Младоженецот ги оставил сите со подзината уста кога ослабел 108 килограми во 18 ...
Родители ја изгладнувале ќерката – на 17 години имала 27kg: Случај од Австралија ја згрози јавноста Во Австралија, во процес е судење на родители кои ја изгладнувале нивната ќерка ...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
Потег за восхит: Бразилец посадил 40.000 дрвја во Сао Паоло и направил зелена оаза среде градот (фот... Бизнисмен од Бразил поминал 20 години садејќи дрвја покрај брегот на река во Сао...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg