Еко села – решение на голем број проблеми на модерниот човек

Светот бележи еден интересен феномен. Многу млади луѓе решаваат да заминат од бучните градови и да се преселат во рурална средина.

Eko sela resenie na golem broj na probelmi na moderniot covek 1

На тој начин почна и да се формира концептот еко село, што подразбира воспоставување на едноставен и одржлив начин на живот, искористувајќи ги придобивките на природата. Самосвесноста на поединците е на високо ниво зашто и самите сакаат да придонесат и помогнат на светот со нивната одлука.

Колку и да се правиме „слепи“, не може да ѝ побегнеме на глобализацијата, која со текот на времето не принудува да се вратиме во прегратките на природата и да ја разбереме.

За да се оформи еднa еко заедница треба да се делува на неколку нивоа, од примена на принципи на одржлив развој, враќање на обичаите до градење на еколошки градби,  користење на алтернативна енергија и произведување на здрава храна.

Комбинација на сите овие елементи можат да придонесат до успешно спроведување на еко заедница.

Во просек од 50 до 250 индивидуалци се вбројуваат во една заедница, но постојат и исклучоци. Многу често овие приказни започнуваат од поединци, семејства кои меѓусебно се врежуваат и го воспоставуваат концептот за кој се залагаат. И живеат со строго определени правила, истовремено грижејќи се за секого, а не само за себе.

Eko sela resenie na golem broj na probelmi na moderniot covek 4

Денес, еко селата стануваат популарни и можат да се сретнат насекаде низ светот. Од високо развиените држави до оние послабите.

Поединци на сите страни од светот со иста визија се приклучуваат на ова движење. Од Германија, Франција, Данска, Исланд, Норвешка, па сè до Мексико, Бразил, Кина…

Тоа е група на луѓе кои веруваат дека промената почнува тука и сега. Кога знаеме дека со векови луѓето живееле во заедници, поврзани со природата и чистотата на духот, зошто да не можеме и ние да го сториме тоа?

Eko sela resenie na golem broj na probelmi na moderniot covek 3

Eko sela resenie na golem broj na probelmi na moderniot covek 3

Автор: Х. Е. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ме прогонува“ - Бизарна маица со принт од свиња го згрози светот „Оваа страшна маица ме прогонува“ е еден од коментарите за маицата која ги подел...
Родила 51 дете, па направила операција за да не забременува - Која е „најплодната жена во светот“? По присилниот брак со многу постар маж, Маријам од Уганда првпат родила кога бил...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg