Места на кои се случуваат чудни работи - животните умираат, а луѓето исчезнуваат без трага
- Детали
- вторник, 25 јуни 2019
Речиси сите слушнале за Бермудскиот триаголник и мистериите околу него. Но, ова не е единственото место на кое се случуваат чудни работи.
Постојат многу места во светот опкружени со мистерија. Луѓето се колнат дека на овие места виделе НЛО, тела на мртви животни, а многу луѓе исчезнувале без трага.
Дали се ова најмистериозните места на светот или сепак постои логично објаснување за овие феномени? Проценете сами:
Јужноатланска аномалија
Дали некогаш сте се запрашале дали постои Бермудски триаголник во вселената? Постои, и се нарекува Јужноатланска аномалија.
Ова е област во која енергетски наелектризираните честички, кои кружат околу Земјата, се наоѓаат најблиску до површина на Земјата.
Јужноатланската аномалија се наоѓа недалеку од брегот на Бразил и е одговорна за бројни проблеми со сателитите - од компјутерски уривања до целосна блокада на функциите.
Оваа аномалија не предизвикува само технички проблеми, некои астронаути тврдат дека имаат видено метеори додека поминувале низ неа.
Причината за сите овие проблеми не е целосно разјаснета до денес. Главните „осомничени“ се високи нивоа на зрачења, кои се акумулираат во аномалијата, но научниците не се сосема сигурни како и зошто се случува ова.
Езеро Ањикуни
Езерото Ањикуни се наоѓа во канадската провинција Нунавут, а во 1930-та година го проголта целото село. Селаните едноставно исчезнале. Сите работи, вклучувајќи ја и храната и пушките, биле недопрени.
Канадската планинска полиција потоа започнала со истрага.
На селските гробишта бил пронајден еден напуштен и празен гроб. 300 метри подалеку биле пронајдени тела на седум мртви кучиња, кои починале од глад, и покрај тоа што сите продавници за храна во селото биле отворени.
Според некои верзии над езерото можеле да се видат необични светла.
Ранч Бигелов
Ранч Бигелов е голем 480 хектари, а лоциран е во Јута. За прв пат чудните настани почнале да се случуваат на ова место во 50-те години, но истите ескалирале во 1994 година, кога ранчот го купила брачната двојка Шерман.
Веќе првиот ден Тери и Гвен Шерман виделе волк, кој им дозволил да му се доближат, по што одеднаш скокнал и гризнал едно јагне.
Тери Шерман го извадил пиштолот и го погодил волкот, но куршумот не му наштетил. Потоа го погодил со пушка, но повторно безуспешно. Волкот потоа избегал.
Оттогаш парот Шерман бил сведок на појави на бројни НЛО, кои наводно ги убиле нивните кучиња и други слични нешта.
На крајот на 1996 година, ранчот бил продаден на Роберт Бигелов, основачот на Националниот истражувачки институт, кој денес го проучува феноменот на ова место.
Долина Сан Луис
Сан Луис е долина во Колорадо, област богата со необјаснети феномени, вклучувајќи НЛО и стотици необјаснети осакатувања на животни на фармите.
За скептиците кои не веруваат, постојат приказни за овие сакатења на животни. Тие започнале во 1967 година со кобилата Снипи. Снипи била пронајдена едно утро во ужасна состојба - нејзиниот мозок бил изваден, а нејзините коски сосема изедени.
Оттогаш имало стотици, ако не и илјадници необјасниви осакатувања на животните, а неколку работи биле вообичаени во сите случаи. Прво - никогаш немало ни трага од крв околу животното, и второ - сите животни биле „оштетени“ со прецизни резови.
Истрагите за инцидентите не дале никакви резултати, а инцидентите се случуваат и денес.
Некои земјоделци зборуваат за чудни светла на небото, поради што некои веруваат дека се работи за вонземјани.
Ашера | Црнобело