Нова исповед по мистериозните смртни случаи на туристи на одмор во Доминиканската Република

Во два ексклузивни ресорти во Доминиканската Република има 5 неразјаснети ненадејни смртни случаи, a уште 4 случаи во други ресорти од минатата година досега. Сега, и Рајан Даф го раскажува своето искуство.

nova-ispoved-po-misterioznite-smrtni-sluchai-na-turisti-na-odmor-vo-dominikanskata-republika-01.jpg

Во американските медиуми постојано осамнуваат информации за туристи оттаму кои ја посетиле Доминиканската Република и се соочиле со здравствени проблеми, а во фокусот на вниманието се неколкуте мистериозни смртни случаи.

Пар од Мериленд и жена од Пенсилванија се пронајдени мртви во исто туристичко одморалиште. Од минатата година досега 9 американски граѓани починале во Доминиканската Република.

nova-ispoved-po-misterioznite-smrtni-sluchai-na-turisti-na-odmor-vo-dominikanskata-republika-05.jpg

Тројца од нив починале во ресортот Bahia Principe во Ла Романа во рок од неколку дена, а двајца од нив починале во Hard Rock Hotel & Casino во Пунта Кана.

Некои велат дека се сомневаат на инсектициди кои се расшириле преку клима системите во ресортите, други на пијалаци, но причината за смртните случаи сè уште не е утврдена. Многу Американци ги откажуваат своите патувања во оваа егзотична земја.

nova-ispoved-po-misterioznite-smrtni-sluchai-na-turisti-na-odmor-vo-dominikanskata-republika-07.jpg

Доминиканската влада се обидува да ја спречи паниката со хаштагот на Инстаграм #BeFairWithDR, каде нагласуваат дека нема потреба за паника и ги посочуваат убавините на оваа земја.

Во магазинот People осамна исповед на Рајан Даф, Американец кој откако прочитал за мистериозните смртни случаи се потсетува какво лошо искуство имал и тој во Доминиканската Република минатата година.

nova-ispoved-po-misterioznite-smrtni-sluchai-na-turisti-na-odmor-vo-dominikanskata-republika-06.jpg

31-годишниот Рајан открива дека со својот партнер бил на патување во ресортот Hard Rock Hotel & Casino во Пунта Кана за да присуствуваат на свадбена прослава на нивни пријатели.

nova-ispoved-po-misterioznite-smrtni-sluchai-na-turisti-na-odmor-vo-dominikanskata-republika-02.jpg

Пред да почне приемот се почестиле со пијалак од минибарот. Рајан пиел рум.

„Почнав да се чувствувам како во делириум, како да бев во сон. Беше навистина страшно.

Го повикав лекарот од ресортот и ми кажа дека изгледам многу лошо и дека можеби имам некоја тропска болест.

Бидејќи немаше итна помош, земав такси и појдов во најблиската болница.

nova-ispoved-po-misterioznite-smrtni-sluchai-na-turisti-na-odmor-vo-dominikanskata-republika-04.jpg

Со часови докторите ми правеа тестови, но излегоа негативни. Откако малку се стабилизирав решив да се вратам во хотелската соба.

Сега, го споделувам ова искуство затоа што ми беше навистина сомнително, а сега гледам вести за Американци кои починале во истиот ресорт.

Во тие мигови се чувствував толку болно што мислев дека ќе умрам.“

nova-ispoved-po-misterioznite-smrtni-sluchai-na-turisti-na-odmor-vo-dominikanskata-republika-03.png

Веста за последните смртни слуачи:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Исповед на маж: „Ја започнав процедурата за да станам трансродова личност – пресреќен сум што се отк... „Има луѓе кои не се трансродови и промената на полот им е начин за да станат нов...
Каде се денес вистинските ликови од „Griselda“, новата популарна серија на Нетфликс? Синот на Гризелда води успешен бизнис со марихуана, додека нејзиниот сопруг е мр...
„Добив сепса додека бевме на одмор - мораа да ми ги ампутираат и рацете и нозете за да ме спасат“ „По девет недели во кома, лекарите ме разбудија. Најпрво бев во делириум и кажув...
Исповед на мајка: „Ќерка ми јаде малтер, сунѓер или ткаенини – исцрпувачки е 24 часа да внимавам, но... Знаете ли што е Пика синдром и кај кои деца најчесто се јавува? Зошто одеднаш не...
Исповед на жена: „Родена сум од сурогат мајка – Како тоа се одрази врз мојот живот?“ „Моите родители беа многу богати и живеевме во прекрасни палати. Материјално не ...
Исповед на мајка: „Немам пари за екскурзиите на децата – се срамам кога роднините ми нудат помош“ „Ми беше тешко да му соопштам на синот дека нема да оди со другарчињата. Видов к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg