Запознајте ја Марика, единственото бебе родено во загадената чернобилска зона по катастрофата
- Детали
- понеделник, 17 јуни 2019
Марика е единственото дете коешто е родено во загадената чернобилска зона после, а не за време на нуклеарната експлозија во 1986-та година. Причината е што нејзините родители не добиле алтернативно сместување.
Денешната студентка на Украинскиот Универзитет билa приказна од насловните страници, поради тоа што била единственото бебе кое се родило и пораснало во близина на радиоактивна зона.
Во тој период, нејзините родители одбиле да ја напуштат зоната, бидејќи властите не им понудиле алтернативно, подобро живеалиште.
Откако се родила во 1999-та, властите ја криеле, бидејќи биле засрамени од тоа што се родило дете во Чернобил, каде нејзините родители живееле нелегално на 30km од забранетата зона.
Марика останала да живее во местото и покрај многуте предупредувања за нејзината здравствена состојба заради изложеноста на радиоактивно зрачење.
Нејзините родители биле жртви на малтретирање и неретко се обвинувани дека ја „убивале“ нивната ќерка.
Марика пиела млеко од тамошните крави кои се хранеле од чернобилските пасишта и биле озрачени од катастрофата. Исто така јадела и риба од загадената река во Припјат.
Додека била мала, нејзините родители се соочувале со секакви коментари и морале да ги негираат гласините.
„Ако луѓето мислат дека таа е мутант и има две глави, целосно грешат. Таа е убава девојка, најздрава што може да биде.“ – изјавила мајката за едно интервју.
И покрај злобните коментари, нејзината мајка вели дека денес луѓето во Украина веруваат дека Марика е симбол на чернобилската отпорност, божји знак кои тие го толкуваат како благослов дека животот ќе се врати и во овој крај.
Марика денес вели дека не сака да го истакнува своето минато, a според нејзините пријатели, таа е скромна личност која денес воопшто не се смета за уникатна само затоа што е родена на вакво место.
„Добро сум, работам. Се издржувам самата и тоа е тоа!“ - изјавила самата Марика.
Спирова С. | Црнобело