Училиште во Нигерија прифаќа пластични шишиња место школарина
- Детали
- четврток, 11 јули 2019
Одлична идеја која им помага на сиромашните родители, но и ја чисти околината.
Во Лагос, еден од најнаселените делови на Нигерија жителите имаат проблем со снабдување со чиста вода и средства за хигиена, а улиците се преполни со ѓубре.
Пристапот до едукација е проблем за многу семејства затоа што тие не можат да ги платат трошоците околу школувањето на нивните деца.
Но, проектот „Recycle Pay“ сега им дозволува на родителите да плаќаат со помош на собрани пластични шишиња.
Организациите African Clean Up Initiative и WeCyclers го креираа овој проект за да им олеснат на родителите, но и за да ја заштитат планетата. Родителите школарината може да ја плаќаат преку носење пластичен отпад кој го собрале на улиците.
Резултатот е позитивен за сите.
С. С. | Црнобело