„Не сакаа да ми ја обноват возачката затоа што си го променив личниот опис со пластични операции“

Потрошила 300.000 евра за да стане „најзгодната адвокатка“ во Бразил, но не очекувала дека промената на личниот опис ќе ѝ создаде проблеми со промената на личните документи. Погледнете ја неверојатната трансформација на Денизи Роша.

ne-sakaa-da-mi-ja-obnovat-vozachkata-zatoa-shto-si-go-promeniv-lichniot-opis-so-plastichni-operacii-01_copy.jpg

Бразилката Денизи Роша (39) вели дека властите не сакаат да ѝ ја обноват возачката дозвола заради екстремните пластични операции што ги направила.

Како што пишува Daily Mirror, Денизи потрошила околу 300.000 евра за да си го промени личниот опис, но сега кога се обидела да ја обнови возачката дозвола, вработените од неа барале да достави поинаква форма на идентификација.

ne-sakaa-da-mi-ja-obnovat-vozachkata-zatoa-shto-si-go-promeniv-lichniot-opis-so-plastichni-operacii-02.jpg

Ако се погледнат фотографиите од пред и потоа, јасно е дека Денизи ги зголемила усните, има поинаков облик на лицето и сосема поинаков нос.

ne-sakaa-da-mi-ja-obnovat-vozachkata-zatoa-shto-si-go-promeniv-lichniot-opis-so-plastichni-operacii-03.jpg

Денизи по професија е адвокатка, а во родниот Бразил ја знаат како „најзгодната адвокатка на социјалните мрежи“, но, вели дека не очекувала дека ќе добие таков одговор кога ќе оди да ги промени личните документи.

„Тие не ми веруваа дека сум јас. Јасно ми е дека им е таква работата и дека навистина мора да проверат, но тоа навистина беше смешна ситуација и не ја очекував“ – вели таа.

ne-sakaa-da-mi-ja-obnovat-vozachkata-zatoa-shto-si-go-promeniv-lichniot-opis-so-plastichni-operacii-04.jpg

На крај, сепак успеала да ги убеди вработените дека тоа навистина е таа и да ѝ ја обноват возачката дозвола со нови фотографии. Како што нагласува, свесна е дека целосно ѝ е променет изгледот, но не очекувала дека тоа ќе ѝ направи проблеми со документите.

ne-sakaa-da-mi-ja-obnovat-vozachkata-zatoa-shto-si-go-promeniv-lichniot-opis-so-plastichni-operacii-05.jpg

Инаку, Денизи досега повеќепати отворено зборувала за естетските процедури на нејзиното тело. Како што вели, била на третмани со ботокс, за отстранување вишок кожа, трипати била на операција на градите, го оперирала носот, правела липосукција, па дури имала и пластична операција на половиот орган со цел да го подобри изгледот.

Погледнете повеќе фотографии од Денизи во продолжение:

ne-sakaa-da-mi-ja-obnovat-vozachkata-zatoa-shto-si-go-promeniv-lichniot-opis-so-plastichni-operacii-06.jpg

ne-sakaa-da-mi-ja-obnovat-vozachkata-zatoa-shto-si-go-promeniv-lichniot-opis-so-plastichni-operacii-07.jpg

ne-sakaa-da-mi-ja-obnovat-vozachkata-zatoa-shto-si-go-promeniv-lichniot-opis-so-plastichni-operacii-08.jpg

ne-sakaa-da-mi-ja-obnovat-vozachkata-zatoa-shto-si-go-promeniv-lichniot-opis-so-plastichni-operacii-09.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg