Градежник добил над 300.000 Инстаграм следбеници откако ќерка му му кажала што е инфлуенсер
- Детали
- понеделник, 17 јуни 2019
Инфлуенсерот Омар од Остин, Тексас направи вистинска бура на Инстаграм. Најинтересното е што тој дури неодамна научил што всушност значи зборот инфлуенсер.
Не многу одамна, Омар, кој работи како градежник, ја прашал ќерка му што значи да се биде инфлуенсер. Откако му објаснила, неговиот одговор бил: „Можам и јас да го правам тоа“.
Набрзо потоа тој направил Инстаграм профил и почнал да објавува внимателно направени фотографии од неговиот секојдневен живот, па за големо изненадување успеал во намерата.
Омар ја објавил првата фотографија на 4-ти мај, 2019-та година, и до денес, околу еден месец подоцна, тој има неверојатни 330.000 следбеници на Инстаграм.
Луѓето имале да кажат многу за инфлуенсерот Омар.
„Тој е сè што сакам да бидам. (Силен, забавен, изгледа одлично во жолто.)“
„Да, да. Но што е со неговиот третман за ексфолијација и неговиот предлог за продукти, по ѓаволите!“
„Но, што е инфлуенсер?“
„Неговите фотографии се поинтересни од останатите инфлуенсери... Претпоставувам.“
„Тој е мојот Киану.“
„Ни требаат повеќе инфлуенсери од работничката класа.“
„Буквално почнав да го следам штом го видов ова. Најдобрата одлука досега.“
Спирова С. | Црнобело