Најсликаната колиба во Австралија ќе добие тоалет за Инстаграмџиите
- Детали
- вторник, 09 јули 2019
Постојаното позирање на луѓето покрај оваа колиба им носи главоболки на локалците.
Малата сина колиба на реката Свон во австралискиот град Перт е едно најсилканите места во оваа земја.
Од организирани тури до туристи кои одат сами дотаму, таму постојано има некој кој сака да ја овековечи оваа убава глетка за на Инстаграм.
Но, популарната дестинација е малку оддалечена и туристите нема каде да одат во тоалет. Областа сега ги чувствува проблемите од преголемото присуство на туристи.
Многу посетители го користат тоалетот на локалниот ресторан Zafferano's и сопственикот има проблеми, па властите конечно се одлучија да изградат тоалет во оваа област. Сега, Инстаграмџиите ќе може да се сликаат на раат.
Инаку, проектот воопшто нема да биде евтин и ќе ја чини Австралија 280.000 долари.
С. С. | Црнобело