Што се продава во гифт шопот на Бакингемската палата?
- Детали
- четврток, 13 јуни 2019
Лажици и додатоци за готвење, џем, крема и уште многу други чудни работи со кралско обележје се продаваат во гифт шопот на Бакингемската палата.
Бакингемската палата е една од најпопуларните туристички атракции во Лондон, со оглед на тоа што е дом на кралицата Елизабета, а се поврзува и со многу историски настани, кралски свадби, паради, државни банкети и многу други работи кои се одржувале во резиденцијата.
Во близина на палатата има официјална продавница каде може да се најдат и купат секакви „кралски“ ситници, истата е декорирана со огромен портрет од кралицата, а може да се слушне и националната химна и останати мелодии во духот на кралското семејство.