Гркинка бесрамно си го изнајмува креветот во двор на Крит
- Детали
- понеделник, 10 јуни 2019
„Летен кревет за сонувачи“ е името на сместувањето на Airbnb кое ветува многу, но што всушност добивате?
Најнеобичното сместување кое туристите може да го изнајмат на Airbnb е кревет во двор на Крит.
Гркинка која живее во близина на Хераклион има цел да привлече туристи кои сакаат да искусат гостопримство на Крит... без кров над глава.
Таа изнајмува кревет на отворено, во дворот на својата куќа, а го опишува како убав и удобен, на само 100 метри од плажа.
Сопственичката ветува дека оние кои ќе го изнајмат нејзиниот кревет ќе сонуваат под илјадници ѕвезди на ноќното небо, а гостинот ќе го има и тој „луксуз“ да ја користи заедничката кујна, тоалет и бања.
Сместувањето во овој кревет без кров над глава чини 32 евра од вечер, без вклучен клима-уред и телевизор, но појадок и машина за перење облека им стојат на располагање на гостите.
Верувале или не, има гости кои веќе престојувале на нејзиниот кревет, а коментарите се прилично позитивни...
М. М. | Црнобело