Морничави фотографии од градот на духови Припјат, 33 години по катастрофата Чернобил
- Детали
- понеделник, 10 јуни 2019
„Чекорејќи по градот не можете, а да не се запрашате како се чувствувале луѓето кога се случила експлозијата и морале да бидат евакуирани“, вели фотографот кој го посети Припјат.
Градот Припјат во Украина е евакуиран пред 33 години и оттогаш изгледа како град на духови.
Кога се случила катастрофалната нуклеарна експлозија во Чернобил во 1986 година илјадници луѓе поради огромната радијација морале да ги напуштат своите домови.
Фотографот Харви Хук го посети Припјат и ги овековечи напуштените училишта, паркови и згради. Тој изјавува дека во градот имате чувство како да сте во свет по апокалипса и дека гледате како би изгледал светот ако сите луѓе исчезнат.
Чернобил е една од најлошите катастрофи што го погодила некогаш светот, а радијација постои сè уште.
Сегашните нивоа на радијација наводно не се опасни и луѓе туристички ја посетуваат ова дестинација, но дозволени се само одредени зони. Сепак, пред заминувањето треба да направите проверка.
Инаку, серијата Чернобил ја актуализираше оваа нуклеарна катастрофа.
Прочитајте и Мит или факт – кои настани од Чернобил се измислени, а кои вистинити?
Како изгледа Припјат денес:
С. С. | Црнобело