Во Аргентина се отвори првото одржливо училиште направено од отпад и автомобилски гуми
- Детали
- понеделник, 10 јуни 2019
Мајк Рејнолдс е архитект кој ѝ дава нова дефиниција на „зелената“ архитектура со неговите одржливи градби.
Целта на неговиот проект „Earthship“ е да се обиде да ги всади принципите на зелената архитектура во следните генерации. Еден од неговите последни проекти е изградбата на зелено основно училиште.
Градбата била направена од рециклирани материјали. Сместена во Буенос Аирес, градбата ќе биде користена и од Рејнолдс со цел да го сподели своето знаење на следната генерација.
Рејнолдс соработувал со организацијата Una Escuela Sustentable која го дели неговото мислење. Од организацијата сакале да почнат со изградба на одржливи јавни училишта во латино-американските држави.
Засега, Рејнолдс има конструирано едно училиште во далечната област позната како Мар Чикита, во близина на Буенос Аирес. Тој соработувал со ученици од целиот свет, разговарал со нив и им покажувал како ги користи неговите методи, дизајни и уникатна филозофија.
Ова не е првото дело на Рејнолдс. Претходно работел во Ургувај каде што изградил уште едно вакво училиште.
Градбата во Мар Чикита ги користи основните принципи на Рејнолдс – употреба на рециклирани материјали, соларно или термално греење или ладење, собирање вода и правилно справување со канализацијата. Училиштето има и дел за производство на храна.
Спирова С. | Црнобело