Од Македонија до Северна Кореја: 21-годишна Американка е најмладата личност која ги посетила сите земји во светот
- Детали
- петок, 07 јуни 2019
21-годишна Американка стана најмладата личност која успеала да ги посети сите земји низ светот, а искуствата ги споделуваше на нејзиниот блог и Инстаграм профил.
На нејзиниот блог, во делот каде се одбројуваа земји кои ѝ остануваат да ги посети, стои бројот 0, а во делот за посетени земји, бројот 196.
На 31-ви мај, Лекси Алфорд ја посети Северна Кореја, за која тврди дека е последната земја од нејзината листа, па официјално од тој момент ги има посетено сите земји во светот.
Таа пораснала во семејство кое поседува туристичка агенција во Калифорнија, па уште од мала патувала многу, па сфатила дека има можности да пропатува низ целиот свет и го прифатила предизвикот.
„Звучи лудо, бидејќи има повеќе луѓе кои патувале до вселената отколку низ сите земји во светот.“ – споделува младата девојка која го сруши рекордот за најмлад човек што го пропатувал светот, кој претходно го држеше Џејмс Аскит, а ја освои титулата во 2013-та, на 24-годишна возраст.
На само 21 година, Лекси има доживеано неверојатно искуство, бидејќи ретко кој ја има шансата да стапне во сите земји низ светот.
За голем дел од нив, нема објавено фото-докази, но во продолжение ви пренесуваме дел од нејзиното патувачко искуство низ земјите во светот:
Шри Ланка
Авганистан
https://www.instagram.com/p/Bxcv1fcABH9/
Пакистан
Маурициус
Соединети Арапски Емирати
https://www.instagram.com/p/BrbXey4AaQe/
Египет
Мадагаскар
Ирак
Јемен
https://www.instagram.com/p/BqtlLb4AlHc/
Венецуела
https://www.instagram.com/p/Bp2bO5jArrs/