Колку животни за 1 бунда?
- Детали
- вторник, 30 ноември 2010
Во последно време, многу се актуелни крзнени капути и разни модни додатоци од вистинско и лажно крзно. Среќа, вештачкото крзно е сè почесто на пазарот...
...а популарните модни ланци се трудат да ја прошират света за заштита на животните и да им понудат на своите купувачи облека од вештачко крзно.
Зошто да не купувате вистинско крзно?
За само еден крзнен капут мора да упрат дури 120 чинчили или 100 верверички!
Освен што мораат да умрат само за некој да може да се загрее, голем дел од животните живеат во несоодветни услови.
На пример, куните се инаку навикнати да живеат во природа и вода, а на фармите на кои се одгледуваат за крзно се затворени од кафези на неколку сантиметри квадратни.
Некои европски земји, сериозно се зафатени за решавање на овој проблем, а додека и кај нас не се започне, погледнете ги црните бројки – колку животни мораат да умрат за една бунда:
- 120 чинчили
- 100 верверички
- 60 куни
- 50 зајчиња
- 14 видри
- 10 јазовци
- 10 лисици
Страшно!