Ќе погодите ли колку години има „најубавата баба во светот“?

Свитлана Гас ја има добиено титулата „најубавата баба во светот“, но дали можете да погодите колку години има оваа убавица?

kje-pogodite-li-kolku-godini-ima-najubavata-baba-vo-svetot-01.jpg

Верувале или не, Свитлана од Украина, во 2019-та полни 60 години, а таа изгледа совршено и многу жени ѝ завидуваат на младоликоста.

Нејзиниот сопруг починал кога нивната ќерка имала 11 години, па Свитлана морала да почне да заработува повеќе за да го издржува семејството.

Таа работела како продавачка, а со тек на време отворила и свој бизнис – салон за убавина, во кој некогаш нуди и бесплатни разубавувања за пензионерите, за кои се грижи со посебно внимание.

 
 
 
View this post on Instagram
 
 

Люблю свою работу! Люблю свой Салон Красоты «Шантеклер « ❤️ Люблю своих девочек! ❤️#салонкрасотышантеклер?#люблюсвоюработу?#красотаспасетмирамыпоможем?

A post shared by Svetlana Gass (@svetlanagass) on

Покрај професијата и улогата на мајка, Свитлана е многу посветена на вежбањето, а редовно оди во теретана, на пливање и фитнес часови.

60-годишната убавица станала популарна пред неколку години, кога нејзината ќерка ја натерала да се пријави на натпревар за убавина на повозрасни жени во Бугарија, па во 2017 ја добила и титулата „Најубава баба“.

Денес, најубавата баба е горда на 12-годишниот внук, а луѓето не можат да поверуваат дека таа има 60 години.

За нејзината убавина и младолик изглед, вели дека не постои тајна, туку едноставно води активен и здрав животен стил со соодветна исхрана.

Редовно оди на масажи на тело и лице, го негува својот изглед и нејзиното животно мото е - „Животот почнува по 50-тата“.

Како изгледа 60-годишната Свитлана:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„По 2 години повторно имаме секс со сопругот, но дознав дека тој флертува со 4 жени и фантазира за н... „Кога се соочив со сопругот, тој рече дека сум глупава, бидејќи сето тоа е само ...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Беше само 1 година постара од зетот - Што знаеме за мајката на Меланија Трамп која почина на 78 годи... Мајката на Меланија Трамп почина на возраст од 78 години. Што знаеме за жената к...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg