Живее без струја и водовод - запознајте го модерниот Робинзон Крусо (фото)
- Детали
- петок, 03 мај 2019
Живее во колиба во шума и не се заморува со Фејсбук, Инстаграм, политички дебати, ниту дали има најнов модел на мобилен телефон.
Марк Бојл (38) од Велика Британија не вклучил рерна, бојлер, радио или телевизор веќе 3 години. Тој не пратил мејл, ниту понуда за пријателство на Фејсбук, не платил со електронска картичка, ниту пак остварил телефонски повик веќе 3 години.
Во декември 2016 година донел одлука да живее без технологија. Си го забранил себеси секој уред што бара електрична енергија.
Марк сам си одгледува храна и од билки си прави паста за заби и средство за перење на облеката.
Со помош само на хартија и пенкало ја напишал книгата „The Way Home: Tales From A Life Without Technology“. Тој порачува дека луѓето многу и наштетуваат на природата и со својот потег сака да испрати порака дека може да се живее и поинаку.
Вели дека на почетокот најмногу му недостигало гледањето на телевизија на натпреварите на неговиот омилен фудбалски клуб, но среќен е што пронашол начин како да биде присутен во моментот, а со тоа да има и духовен мир.
„Сега, навистина сум поврзан со природата и со луѓето околу мене“, вели Марк.
Ѕирнете во неговиот уникатен начин на живот:
С. С. | Црнобело