Најефикасно против пушење
- Детали
- вторник, 23 ноември 2010
Заканувачките фотографии и пораки се составен дел од секоја кампања против пушење. Најголемо влијание имаат оние фотографии кои се страшни...
...и потресни. Колку поголеми, толку подобар ефект. Се покажало дека суптилните пораки не функционираат. Канада ги претстави овие фотографии уште во 2000-та година, а повеќе од 30 земји почнаа да го следат овој пример.
„Најдобри предупредувања на кои се сеќаваат на пример австралиските пушачи, а кои и воедно се покажале како најефикасни, покажувале здравствени последици како тумор на белите дробови, болни бебиња, рак на устата итн.“ – изјавува Дејвид Хамонд од универзитетот Waterloo во Канада.
И во САД ваквиот начин за борба против пушењето се следи активно. Минатата недела американското министерство за здравство започна јавна кампања во која ќе бара мислење за 36 понудени фотографии. Сликите треба да покриваат најмалку ½ од предната и задната страна и 20% од сите реклами за цигари.
Дали ваквите фотографии ве премислиле некогаш во намерата да купите цигари, или влијаеле да престанете да пушите?