„Срамота“ - Невеста стана мета на онлајн критики поради венчаницата
- Детали
- петок, 26 април 2019
Претерано или секси? Провокативна невеста предизвика онлајн дебата со предлабокиот отвор на грбот.
Интернетот е безмилосен кога станува збор за свадбите.
Од свршенички прстени до избор на мени, сè е на тапет.
Сега, една невеста стана мета на критики поради нејзината венчаница. Фотографијата кружи вирално низ разни интернет групи.
Венчаницата е со отвор на грбот, а дел од коментарите се:
„Отворот одзади да не е малку прениско?“
Инаку отсечокот направен е така што на невестата ѝ дава форма во вид на срце кај задникот. Материјалот е затегнат и фустанот е посекси од што сме навикнати за свадбени фустани.
„Не ми е грижа колку си згодна, покажувањето гол задник НИКОГАШ не е добар изглед“, гласеше уште еден од осудувачките коментари.
Од друга страна, други ѝ порачаа дека е атрактивна и слободно да ужива во својот свадбен ден.
Што мислите вие за оваа венчаница?
С. С. | Црнобело